На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон при возење и седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.