ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во ЕУ почнаа меѓуинституционалните преговори за Законот за обнова на природата

July 20, 2023 10:08
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на ЕУ вчера официјално започнаа преговорите околу Законот за обнова на природата, кој за цел има обновување на запоставените копнени и водени површини, откако минатата недела Европскиот парламент ја одобри неговата нацрт-верзија.

Европската народна партија (ЕПП) се обиде да го блокира одобрувањето на предлогот, па така тој не помина на парламентарниот Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната кога по 44 европратеници гласа „за“ и „против“ неговото усвојување. Сепак, потоа беше поддржан на пленарната сесија на Европскиот парламент со 336 гласа „за“, 300 „против“ и 13 „воздржани“, благодарение на поддршката на пратеничките групи на Прогресивната алијасна на социјалстите и демократите, Левицата, Зелените и на либералната Обновена Европа.

Законот за обнова на природата го предложи Европската комисија на 22 минатиот месец како дел од Европскиот зелен договор, со задача да придонесе за долгорочно обновување на запоставените копнени и водени површини во ЕУ и да се постигнат целите на Унијата за заштита на климата и биолошката разновидност.

Првичната идеја на дел од европратениците беше со Законот да се постави цел за обнова на 30 проценти од запоставените екосистеми до 2030 година, но во верзијата усвоена во Европарламентот таа зацртана стапка беше намалена на 20 отсто, колку што предлагаат и Европската комисија и Советот на ЕУ.

Според претседавачот на Комитетот за животна средина, францускиот либерален европратеник Паскал Канфин ваквата усогласенот меѓу трите институции на Унијата – Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на ЕУ би можело да значи дека преговорите околку конечната верзија на законот би оделе со побрзо темпо.

– Осумдесет проценти од текстот е ист. Се разбира тука се преостанатите 20 проценти, но мислам дека врз оваа основа „тријалогот“ би можеле да оди доста брзо, рече Канфин.

Европарламентот и Советот на ЕУ вршат притисок за олабавување на некои од целите што ги зацрта Еврокомисијата, што е невообичаено имјаќи превид дека по правило европратениците секогаш се залагаат за построги цели.

Така, Парламентот бара укинување на членот од текстот кој поставува задолжителни цели за обнова на земјоделските екосистеми, намалување на целта на ЕК за обновување на речните текови до 2030 година од 25.000 на 20.000 километри, како и поместување на крајните рокови за некои цели.

Советот на ЕУ немаше забешеки на овие одредби предложени од Еврокомисијата, но од друга страна побара „пофлексибилно“ толкување на обврската да се спречи натамошно влошување на состојбата на клучните екосистеми, додека Парламентот предлага едноставно укинување на таа одредба.

Европарламентот и Советот бараат во законот да нема пропишани конкретни проценти за обнова на урбаните екосистеми и посебно за зголемување на зелените површини и бројот на дрвја во градовите.

Спорно останува и прашањето околу надоместокот на сопствениците на земјиштето што ќе биде опфатено со мерките за обнова. Комисијата предлага овие средства да се обезбедат од Програмата за животна средина на ЕУ (ЛИФЕ), но Европарламентот и Советот сметаат дека тие не се доволни и бараат обезбедување на нови механизми за финансирање по 2027 година.

Според аналитичарите, како што наведува „Политико“, постигнувањето компромис околу ова прашање би можело да биде клучно за усвојување на Законот.

Сепак, судбината на овој законски предлог во голема мерка може да зависи и од исходот на неделните парламентарни избори во Шпанија, актуелниот претседавач со ЕУ. Сегашната социјалдемократка Влада на Педро Санчез усвојувањето на Законот за обнова на природата го вклучи меѓу приоритете на шпанското претседавање со Унијата.

На изборите во Шпанија се очекува победа на опозициската конзервативна Народна партија (ПП) пред Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) на Санчез, но според анкетите, конзервативците нема да можат сама да формираат влада. При гласањето во Европскиот парламент, европретениците на ПП и на нејзиниот потенцијален коалициски партнер, екстремно десничарската партија Вокс гласаа против Законот за обнова на природата.

Шпанското претседателство со ЕУ, од своја страна, тврди дека изборите нема да влијаат на разговорите за Законот и без разлика на нивниот исход, Шпанија нема да отстапи од зацртаните цели на своето претседавање.

Во основа претседавачот со ЕУ треба да биде неутрален во текот на преговорите за законот, но доколку конзервативците дојдат на власт во Мадрид, тоа би можело да ја стави Шпанија во групата на земји кои се залагаат за поголема слобода на земјите членки во спроведувањето на поставените цели.

Tags: ЕУЗаконот за обнова на природатапреговори
Next Post

Фенг: Кина ќе ја спречи најавената посета на потпретседателот на Тајван на САД

НАЈНОВО

Политико: ЕУ на Црна Гора и Албанија им дала 10ка, за Македонија осумка, Украина и Молдавија со деветки, за Србија и БиХ 7ка за напредокот

November 4, 2025
Скриншот

Почина поранешниот американски потпретседател Дик Чејни

November 4, 2025
Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk