ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се одбележа Ден на жените во дипломатијата

July 21, 2023 13:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, заедно со канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, организираа настан по повод Денот на жените во дипломатијата.

ЗМНР Исаки во својот говор истакна дека бројот на жените во дипломатијата или на жените на лидерски позиции, не е задоволувачка.

„Нe треба да молчиме, ниту да се задоволуваме со сите отстапки во овој домен, кои се повеќе на линијата на политичка коректност отколку суштинска промена на реалноста. Мора да реагираме на стереотипите и дискриминацијата. И уште повеќе: да се бориме за суштинска и одржлива рамноправност. Одејќи по својот пат, покажуваме иницијатива, одговорност и лидерство, истакнувајќи се во својата област”, рече ЗМНР Исаки.

Заменик министерката се осврна и на нејзиното лично искуство како жена во дипломатијата.

„Од 2020 година, откако сум назначена на функцијата ЗМНР, можам да потврдам дека сум имала искуство да запознам и да работам со исклучително способни, надарени и професионални жени дипломатки, кои се максимално посветени и неуморно работат на промовирање на државата и спроведување на надворешната политика. Тие дадоа активен придонес оваа држава да стане земја членка на НАТО, кандидат за членство во ЕУ и угледен член на меѓународната заедница. Тие се инспирација и за мене, и токму поради тоа донесов одлука, како ЗМНР, лично да се ангажирам на подобрување на состојбата во овој домен и да го промовирам значењето и придонесот на жените во дипломатијата”, рече Исаки, додавајќи дека ќе продолжи да се залага за еднаквост на жените во дипломатијата со уверение дека жените се динамични лидери на промените и нивното учество е фундаментално за демократското владеење.

„Дипломатијата е како лична карта за една земја. Во глобални рамки мажите доминираат во надворешната политика, што значи дека 50% од населението, односно жените, немаат глас кога се носат одлуки. Сите ние треба да допринесеме кон одржливи промени и постигнување на еднаквост и рамноправност помеѓу мажите и жените, во сите сфери на животот, и во дипломатијата. Ние, во UN Women, се гордееме со работата што ја работиме секој ден за унапредување на положбата на сите жените и девојчиња во земјава, и го поздравуваме партнерството со МНР; продолжуваме заеднички, посветено да работиме на ова поле,“ истакна раководителката на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ-Кастаред.

За придонесот на жените во дипломатијата во панел дискусијата свои обраќања имаа и државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, амбасадорката на Северна Македонија во Република Косово, Шпреса Јусуфи, директорот на директоратот за мултилатерални односи во МНР, Пајо Авировиќ, директорката за НАТО, Катерина Ставревска и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу – Халили.

На иницијатива на ЗМНР Фатмире Исаки, во 2021 година, МНР ја организираше првата Конференција за Жените во Дипломатијата, каде што истакнати домашни и странски панелистки имаа можност да информираат за својот пат во дипломатијата како и тешкотиите со кои се соочиле.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ден на жени во дипломатијата
Next Post
фото: Интерфакс

Убиени 63 новинари за време на целосната руска инвазија врз Украина

НАЈНОВО

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

Кандидати за претседател на Бенфика ветуваат нови тренери: Клоп и Аморим како опции

September 16, 2025

Крстевски: Побезбедно и поправедно општество е најмалку што им должиме на жртвите и на идните генерации

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk