ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Аудио-снимката од 2021 година ја потврдува соработката Мицкоски-Камчев

July 21, 2023 19:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Американската амбасадорка Анџела Агелер на неодмандешната прес-конференција истакна дека не може да каже каков ефект во целост ќе имаат американските санкции за бизнисменот Орце Камчев, но укажа дека со овие санкции може да бидат опфатени и они кои соработувале или биле поврзани со него во активностите за кои што е ставен на црна листа.

Засега не се знае кој се од соработниците на Камчев би биле опфатени, но од она што во јавноста се знае е дека тој имал конекции и со актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во 2021 година се појави аудио-снимка во јавноста во период кога во тек беа партиските преговори за Законот за јавно обвинителство. Од неа можеше да се чуе разговор на Мицкоски во кој директно се споменува Камчев, како и детали од нивната соработка.

Во снимката можеше да се чуе дека Камчев ги платил сметките на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за возврат партија се бори да не му се суди во случаите на СЈО. Мицкоски за односите со Кмачев му зборува на Зоран Милески Кичеец.

-Кога дојдов во партијата немав ништо платено, сметки за струја, парно, кабелска, а он ми подаде рака и јас тоа многу го почитувам. Ако се донесе законот, ваков каков што е, тогаш предметите на Камчев ќе останат. Јас сум единствениот што се борам против законот, коментира Мицкоски во снимката, со што директно се потврдува релацијата Мицкоски-Камчев.

Инаку, американското Министерство за финансии вчера го означи Орце Камчев за вмешаност во значајна корупција, согласно извршната наредба на претседателот Џо Бајден од јуни 2021 година за справување со заканите по стабилноста на Западен Балкан.

-Можам да кажам дека како дел од овој конкретен закон, тој исто така ги вклучува и оние кои соработувале и биле поврзани во некои од овие активности со лицата кои се санкционирани од Министерството за финансии и тоа може да биде утврдено. Тоа значи дека и нивните средства се замрзнати или блокирани, како што беше кажано. Како што повеќето од вас знаат, голем дел од меѓународното банкарство поминува низ САД, низ главните банки во САД. Па така, последиците се многу значајни. Каков ќе биде вистинскиот ефект тука, не знам, и искрено сметам дека нема да знаеме уште некое време“, кажа Агелер, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе бидат засегнати компаниите кои што соработувале со компаниите на Камчев.

Tags: аудио-снимкаКамчевМицкоскицрна листа
Next Post
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Битиќи: Владата на СДСМ ја зголеми просечната плата за шест ипол пати повеќе од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk