Жители на липковското село Оризари насилно влегле во просториите на подружницата на ЕВН во Куманово, за да си ги платат сметките за струја, но вработените избегале, дознава ОЗБИЛНО.
„Веќе подолг период не можеме да си платиме сметките за струја, бидејќи од ЕВН не сакаат да ни наплатат. Така ни се насобраа повеќе сметики и затоа решивме колективно да дојдеме во ЕВН и ако треба со сила да платиме. Ова вака веќе не може. Ваква дискриминација не може повеќе да трпиме“, вели еден оризарец за ОЗБИЛНО.
Тие велат дека поради ваквиот дискриминаторски однос кон нив, во иднина планираат да отворат „Електротехничко средно училиште“, па ако треба и факултет, и со тоа би го решиле деценискиот проблем.
Тесла
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.