Резолуцијата во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја е уште една потврда за успешноста на меѓународната политика на СДСМ и признание за конструктивната улога на Македонците во градењето на американското општество, соопштија од владејачката партија.
„По Резолуцијата во Германскиот Бундестаг со Резолуцијата во САД гордост е да се знае дека македонските јазик, култура и историја добиваат признанија и промоции насекаде низ светот.
Наспроти повеќемесечните лаги на ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет, факт е дека тие како никогаш порано не се повеќе заштитени и потврдени во светот.
СДСМ продолжува да работи на дополнителна меѓународна афирмација на македонскиот јазик, култура и посебност и да ги остварува стратешките цели на државата“, порачаа од Бихаќка.