Шефот на ултрадесничарската Левица, во партиското гласило, по повод Илинден, објави порака која потсетува на обраќањето на експремиерот Зоран Заев во 2021 година.
На 2 август 2021 година, тогашниот премиер Заев напиша:
„Народе мој, третиот Илинден е нашиот континуитет во афирмацијата на вредностите на кои е изградена нашата држава и кои светот ги прифати како наша специфика и идентитет. Третиот Илинден не познава крај. Третиот Илинден е бесконечноста на нашиот стремеж кон нашата иднина. Затоа нашиот Илинден не е завршен и нема да заврши. Ние го живееме нашиот Илинден. Илинден е постојан процес кодиран во духот на Македонците, на Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, и на сите народи кои живеат, творат и се борат за подобро утре во нашата татковина. Во нашиот дом.“
Во денешното свое писание, пак, шефот на ултрадесната Л. користи иста формулација во насловот и во текстот: „Потребен ни е трет Илинден“. Се разбира, тој на ум има сосема поинакви замисли и пораки, спротивни на духот на Илинден, но не знае како поинаку да се изрази.
Едно може да се заклучи. Малиот политичар (немајќи свои идеи, копира и, како и во насловот на овој редакциски коментар), кога ќе порасне, сака да биде популарен како Заев.
Д. Е.