ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Членството во ЕУ, 4-ти Илинден за државата!

August 2, 2023 10:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

До ден денешен Илинден претставува симбол на единството, рамноправноста, слободата и светлата перспектива, како јасни насоки на развојниот пат на државата за да се фати чекорот со напредните, европските држави, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во честитката по повод најголемиот државен празник – Илинден – 120 години од Крушевската Република и 79 години од Првото заседание на АСНОМ.

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски

И годинава, како што истакна Спасовски, историскиот моментум од нас, како држава и како народ, изискува храброст и мудрост, прогресивен дух и визија, кои во аманет ни ги оставија нашите предци, преку заедништвото на Илинденците во првиот Илинден од 1903 година, со формирањето на првата Република на Балканот – Крушевската, и државничкиот став на АСНОМ-ците во 1944 година.

– Нивниот копнеж за демократска, слободна и напредна Македонија, ние денеска го живееме. Денес имаме отворена јасна европска перспектива за нашите граѓани, за која се изборивме и по која станавме меѓународно препознатливи, со заеднички демократски вредности, економски стабилна држава, почитувана, безбедна, со бројни меѓународни пријатели и партнери, посочува Спасовски.

Тој додава дека токму Илинден е тој жив потсетник за идеалите за кои се изборивме, а чии носечки двигатели се делата и подвизите на нашите предци.

Миле Зечевиќ

Од друга страна, генерален секретар на СДСМ – Миле Зечевиќ смета дека На 120 годишнината од илинденското востание, од првиот Илинден, како македонската парадигма за слобода и непокор, за заедништво и сплотеност, дојде време да го поставиме новиот камен-темелник во македонската историја.

– Како што храбрите мажи и жени на Илинден се обединија, така и ние треба да се обединиме за европската иднината, зад европска Македонија. Тоа ќе биде почит за нашите предци, но пред се и над се ќе биде одговорност за нашите млади македонски генерации. Борбата за македонската европска иднина е борба за младиот човек, за сигурна иднина на следните наши генерации. Рамноправни во големата Унија на европски нации. Секогаш, свои на своето. Со вграден македонскиот идентитет во европскиот, со подобар животен стандард, во европска држава, истакнува Зечевиќ.

За новата македонска иднината, тој смета дека сите заедно, без разлика на вера, нација, политичка или друга определба, како на втори август ‘903-тата, треба да застанеме на страната на современиот патриотизам, за горда и достоинствена европска македонија!

Tags: Миле ЗечевиќОливер Спасовски
Next Post

Премиерот Ковачевски по повод Илинден, оддаде почит со положување цвеќе пред Споменикот на Слободата- „Сила, слава и победа" на Тврдината Кале

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk