ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димковски до Трипуновски: Тутунот ќе биде во целост откупен, човек со кривична пријава за злоупотреба на службена должност ќе зборува за криминал?

Откупот на тутунот од реколтата 2019-та е на самиот крај, околу 98 отсто од тутунот е откупен по досега највисока просечна откупна цена од 220 денари за килограм, изјави министерот Димковски, „Одржавме безброј состаноци со откупувачите и тутунопроизводителите. Досега се откупени над 26 милиони килограми тутун, овие количини се исплатени на тутунопроизводителите од страна од откупувачите во законскиот рок од 7 дена. Споредено со претходните години, последните три години има највисоки просечни откупни цени

February 19, 2020 22:58
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Несериозно е Трипуновски да настапувате вака како човек кој 11 години беше во власт ВМРО ДПМНЕ и бил директор на Државниот инспекторат за земјоделство, да кажувате дека милион и пол килограми ориентален тутун е увезен, а немате познавање кој го преработува и зошто се увезува, му порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на дополнителниот заменик-министер, Цветан Трипуновски, во вечерашната емисија „Економски магазин“, на телевизијата Алсат-М.

„Увозот на тутун апсолутно не влијае на откупната цена на тутунот, второ редовно имаме околу 3.000 тони тутун, а претходните години имало до 4.000 тони увоз. Треба да знаете Трипуновски дека имаме кај нас производство на домашни цигари. И тие милон и пол увезен тутун не е од нашата сорта на тутун. Имате фабрика кај нас која што затворила погон во Бугарија и го пренесла производството кај нас и се увезол милион килограми тутун за преработка. Знаете ли дека имаме домашен бренд на цигари кој се пакува овде? Јас сум повеќе кај земјоделците отколку вие во овие 11 години. Во овие 11 години што направивте? Како се постигна откупна цена од 220 денари ако има толку увоз?. Човек со кривична пријава за злоупотреба на службена должност ќе се зборува за криминал? “, порача министерот Димковски на Трипуновски.

Откупот на тутунот од реколтата 2019-та е на самиот крај, околу 98 отсто од тутунот е откупен по досега највисока просечна откупна цена од 220 денари за килограм, изјави министерот Димковски, „Одржавме безброј состаноци со откупувачите и тутунопроизводителите. Досега се откупени над 26 милиони килограми тутун, овие количини се исплатени на тутунопроизводителите од страна од откупувачите во законскиот рок од 7 дена. Споредено со претходните години, последните три години има највисоки просечни откупни цени. Ако ги погледнеме другите параметри, извозот од тутунот е некаде 130 милиони евра. 9-те регистрирани компании кон тутунарите исплаќаат близу 90 милиони евра и плус тука се и субвенциите од околу 30 милиони евра кои ќе се исплатат по завршувањето на откупот. Досега нема ниту една жалба до второстепената комисија за погрешна проценка на класите на тутун и тутунот ќе биде 100 процентно откупен“, изјави министерот Диковски, во вечерашната емисија „Економски магазин“, на телевизијата Алсат-М.?

Next Post

Димковски до Трипуновски: Три години баравме од вас да воведете зелена нафта, вие тоа го игнориравте

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk