Со оглед на тоа како помина овогодинешната но и како се реализирани минатогодишните прослави на „Илинден“ во Крушево, ВМРО-Народна партија смета дека својата идеја од пред една година е сеуште актуелна па уште еднаш упатува повик до сите политички партии, институции и широката македонска јавност.
ВМРО-Народна партија предлага од идната година политичките говори да изостанат од прославите во Крушево и Пелинце односно на ден пред „Илинден“ да биде организирана свечена академија на која ќе се испратат политички пораки, а на втори август да се организираат достојни културно-уметнички чествувања во меморијалните центри во Крушево и Пелнице.
„Сметаме дека со оваа идеја која треба да добие широка поддршка од целата општествено-политичка јавност ќе доведе намалување на поларизацијата на македонското општество како и обединување на граѓанската свест која особено на ваквите големи денови за Републиката треба да испрати јасна порака за колективно единство за сите општествено политички прашања и процеси, кои се во интерес на Северна Македонија. Уште еднаш се надеваме дека оваа идеја ќе биде добронамерно примена и прифатен од сите политички субјекти“, велат од партијата.