ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Распишан последниот повик од ИПАРД 2 програмата во вредност од 8,8 милиони евра, С. Македонија е лидер во регионот со најголема искористеност на европските фондови за земјоделство

August 4, 2023 13:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Денеска е распишан последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3 во вредност од 8,8 милиони евра.

Овие средства се наменети за набавка на опрема, а крајниот рок за поднесување на барања е до 18 септември 2023 година. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна помош (грант) во износ од 50 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Владата на Република Северна Македонија, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој упатуваат повик до сите компании од агросекторот како и до земјоделците да ги искористат овие средства со цел подобрување на нивната продуктивност.

Сите надлежни институции стојат на располагање на заинтересираните за пријавување на овој повик со цел да се обезбедат нови инвестиции и нови успеси во агросекторот.

Северна Македонија е лидер во регионот со најголема искористеност од 98% на средства од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2.369 договори, но и прва земја во регионот којашто е подготвена да започне со ИПАРД 3 програмата.

Преку ИПАРД 2 програмата на располагање имавме 60 милиони евра, коишто поради најголемата искористеност од 98%, во ИПАРД 3 програмата се зголемени на нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство.

Целта на институциите е сите средства од ИПАРД 2 програмата, да бидат инвестирани дома и со тоа во целост да биде реализирана програмата.

Повеќе информации за Јавниот повик околу потребните обрасци за поднесување на барања за користење на средства по мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, заинтересираните апликанти можат да најдат на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој: https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/29

 

Tags: ИПАРДСеверна Македонија
Next Post
Основното јавно обвинителство. Фото: МИА

Поведена истрага за тешка сообраќајна несреќа во Скопје, двајца возачи се осомничени

НАЈНОВО

На студот, заедно со жртвите

August 19, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Студенти и граѓани ја блокираа зградата на судот во Нови Сад

August 19, 2025
Фото: Скирншот, АП

Што изјави Зеленски по состанокот со Трамп и европските лидери

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk