ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Се одбележаа 22 години од убиството на десет бранители кај Карпалак

August 8, 2023 12:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со положување цвеќе и панихида пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје утрово беше оддадена почит кон десетте загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година.

Почит им оддадоа министерката Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, Општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичките партии како и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации.

– Дваесет и две години поминаа но со голема тежина во срцата во трагичниот настан на Карпалак каде животот го загубија 10-те херои на безбедносните сили на македонската Армија. Тие несебично се одзваа на повикот на татковината и затоа никогаш нема да бидат заборавени. Длабока почит и сочувство за нивните семејства. Вашите синови ќе ги паметиме вечно како херои кои за татковината го дадоа најскапоценото – својот живот, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Присутните претставници на бранителите повторија дека 22 години безуспешно бараат да има подостојно спомен обележје на ова место.

-За жал како што го оставивме пред 22 години ова место и денес го наоѓаме така. Се поклонуваме на нешто што го нема. Една плоча, да ја наречам, нешто најобично кое не доликува на местото и настанот кој овде се случи. Баравме, бараме и дури сме уште ќе бараме да се направи едно спомен обележје, да се знае дека овие луѓе погинаа за државата не погинале за некој личен интерес. Друго учесниците од 2001 година се маргинализирани. Никој во државава наша не нè признава. Немаме никакви права. Тоа е нешто катастрофа, како ние да бевме тие кои се бореа против Република Македонија, не тие кои ја бранеле нашата држава. Ние служиме како некој предмет за поткусурување. Како едната партија дава другата не дава. Пред месец дена беше во парламентот една партија предложи да се изврши обесштетување на учесниците, ранети семејства на погинати. За жал едните беа против. Тешко на државата што се гордее со мртви херои, што со живите херои кои не можат да преживеат во држава кој никој не почитува, изјави Јордан Трајковски од Здружение на резервни воени обврзници од Прилеп.

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Миле Талевски, Олга Лозановска и Ане Лашкоска, положи свежо цвеќе пред комплексот Карпалак, во центарот на Прилеп.

Владина делегација положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп во чест на загинатите бранители кај Карпалак

Владина делегација предводена од советникот за одбрана, Драган Василевски денеска положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп,  каде ја посети и спомен-собата.
Свежо цвеќе беше положено и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот Св. Петка.

Претставник од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак

Заменик-генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Тоше Зафиров положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, а ќе положи цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп.

Делегација на СДСМ им оддаде почит на загинатите бранители во месноста Карпалак

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски, претседателот на СДММ Марко Михаилоски и пратеничката Фаница Николоска, како и делегација на ОО СДСМ Тетово, во месноста Карпалак, пред спомен плочата оддадоа почит и положија свежо цвеќе по повод 22 годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили.

Tags: Карпалак
Next Post

Мехмедовиќ: Без паника, не очекуваме повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk