ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

(ФОТО репортажа) Италијанското Охридско Езеро се вика Гарда, Санремо не е само музички фестивал

August 20, 2023 18:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПОРТАЖИ, ФОТО ВЕСТ, ФРОНТ
Монте Карло. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Монте Карло. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

Велат првиот впечаток е најважен. Токму тоа беше причината за на патувањето низ Италија, да одбереме пет ноќи во Санремо.

Првиот пат кога го видовме Санремо пред шест години, беше попатно, застанавме еден час кога одевме од Фиренца кон Ница.

Се сеќавам паркиравме во едно слепо уличе и набрзина го изодивме шеталиштето што водеше до големото казино. Тогаш си реков, овде е за повеќе денови одмор.

Санремо. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

И овој пат тргнавме од Фиренца. Се испоздравивме најсрдечно со Косимо и неговата прекрасна мајка, запаливме аутото и по некои четири и пол часа возење и 400 километри пат, стигнавме кај Грација во Санремо. Не испречекаа со срдечно добредојде, иако бевме еден час предвреме стигнати од договореното, се паркиравме во станчето и бевме спремни за Лашате ми кантаре градот.

За многу пристојна цена (колку еден осреден апартман на Халкидики да речиме), а бевме во топ сезона, крај на јули, имавме изнајмено двособен стан во центарот на градот со обезбедено паркинг место.

Цените на храната беа исто така достапни за наш џеб, слично како во Наполи. Плажите пак, се наплаќаат. Никако тоа со плажите не можам да ги разберам во италијава, ама тоа е. Да се разбереме, ако одите за излежување на плажи и море, одете на Јонско во Грција или во Албанија, за леганович ете ви ја и Турција, на овие места во Италија е некоја друга димензија на туризам.

Имаш стар град со сокачиња широки метар и половина и тврдина, а имаш и шетачки улици со големина на Таксим или Широк сокак со кина, ресторани, бутици, и што ти јас знам што уште не.

 

1 of 11
- +

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

11.

Расфрлен на брегот на Средоземното Море, на некои 40 километри до Монте Карло, Санремо, најмногу познат по истоимениот музички фестивал, со сиот крајбрежен раскош, најмногу плени со својата питомост и спокојство.

Зошто спокојство? Освен на главните туристички улици, во 19.30 часот маркетите, бутиците и продавниците затвораат. Нема врска што е топ сезона, нема врска ни што во градот каде живеат 55 илјади жители има уште пет пати повеќе туристи. Луѓето си го почитуваат спокојот. Рестораните си работат, има дежурни маркети и аптеки што работат 24 часа, сите бутици на таа шетачката улица што си ја викав Широк сокак беа отворени до доцна ноќта, ама другиот работен народ си одмора.

34 км. велосипедски пат во Санремо. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Во Санремо има велосипедска патека долга 34 км. (некои велат 42 километри), широка 4,5 метри, со тунели и чуда, која оди покрај брегот. Мислам дека била некогашен локален пат за автомобили, што откако ги дигнале регионалните патишта далеку над градот, си го приспособиле само за велосипеди и пешаци. И одиш од едно предградие во друго 30 километри покрај брегот, си слушаш бранови и мирисаш море и цвеќиња во тотален раат дека никој нема да те согази. Извозивме со изнајмени велосипеди некои 25 километри.

Железничка станица во Санремо. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Железничката станица во Санремо е посебна приказна. Отидовме едно попладне да прашаме за билети до Монте Карло. Шалтерите не работеа. Се е автоматизирано. Билет купуваш од автомат. Просто како грав. Само следиш што ти кажува. Во работно време си работат шалтерите ич не се плашете :). Купивме билети за целодневна посета на Монте Карло. 16 евра повратен билет. Го куцаш билетот па одиш едно километар и пол низ тунел дури да стигнеш до пероните. Низ градот не слушаш возови подземна е железницата, потоа излегува и цело време патувањето е покрај брегот. Неповторливо доживување.

За Монте Карло, нема што да се каже. Градот држава е за лелекање каде и да се завртиш, башка многу едноставен за снаоѓање и со градскиот превоз. Исто како Рим и другите поголеми градови. Не изнагостија Грималдиевци со лепота за цела година.

 

1 of 7
- +

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

Го фативме претпоследниот воз и си се вративме во Санремо. Секој италијански град пристаниште си го има колоритот на култури што мене ме воодушевува.

По ден два заминавме за Бардолино, каде имавме резервирано три ноќевања. „Ќе ти се вратиме Санремо“, вели Ана.

Кога почетно ја правевме рамката за патување, на езерото Гарда планиравме две ноќевања, но кога гледавме видео од Бардолино, неминовно беше да додадеме уште една ноќ, а да одземеме попатно накај дома.

Езерото Гарда ти е нешто слично на нашето Охридско Езеро. И тоа е големо, најголемо во Италија, и тоа има бистра вода, не толку како Охридското, и тоа заедно со езерото Комо е главна италијанска езерска туристичка дестинација.

Бардолино е на некои триесетина километри од Верона, на источниот брег на езерото Гарда. Толку совршено спакувано мало гратче досега не бев видел. Бардолино ме освои засекогаш.





Го прошетавме целото источно крајбрежјe се до Рива.

Купуваш дневен авотобуски билет за 11евра и се возиш по крајбрежјето каде сакаш и колку сакаш. Има и дневен билет за траект кој беше двојно поскап, но ние сепак одбравме со автобус. Мислам дека најдобра опција ќе ни беше ако одевме со колата и да не губиме време во чекање на автобусите. Но, и тоа чекањето на автобуските постојки си има убавина, ако си тргнат со добра мисла.

Градот Рива дел Гарда е уникатна приказна со планина над куќите во езерото. Она, буквално каде завршува дворот од објектот што е на езерскиот брег одма над него почнува планината висока неколку стотини метри што освен со жичарница, поинаку не се искачува. Не сум видел нешто слично, едноставно како на фотомонтажа за некој добар филм или билборд, само што ова е вистинско. И одиме така низ Рива бараме каде е автобуската постојка што треба да не однесе до Торболе што го ѕирнавме попатно кога одевме од Гарда до Рива, се расправаме и една средовечна жена низ насмевка на српски јазик нè прашува, што бараме. Видно среќни што слушаме близок јазик, ѝ кажуваме. Се испостави дека е од Гостивар. Искрено уште повеќе си се израдувавме.



Низ улиците во местата на езерото Гарда, слушаш најчесто германски јазик. Не ми се верува дека тоа си го носи само релативната близина со Австрија и Германија, туку овие туристи препознале нешто што е многу повеќе од плажи и добра храна. Нема езерото плажи и вода што можат да се споредат со нашето Охридско Езеро, ама има се друго.

Цените на сместувањето во Бардолино беа нешто поскапи отколку во Санремо, но за волја на вистината имавме една категорија подобро сместување во стариот дел на градот со паркинг место во блиска подземна гаража. Цените на храната си беа исти како и во Санремо. На пример имаш и пола пица во ресторан на брегот од езерото за помалку од 5 евра. Шпагети тестенини за 10-15 евра.

Нареден пат другарка ни Лале, која што живее на Сицилија и е туристички водич, ни го препорача Сирмионе. Вели било фантазија.

Малку се три ноќевања за езерото Гарда.

Сè е малку што може да се каже за оваа прекрасна земја и народ, но дојде време да се прибираме полека накај дома.

Тргнавме кон Постојна. Мислам дека не мораше да ноќеваме во Постојна, туку можеше само да ја посетиме пештерата и да продолжиме Љубљана или Загреб за да не ми дојде два дена возење до Скопје, но шведскиот стол за појадокот во хотелчето не беше за потценување.

Што да се каже за Постојнска Јама? Ако некогаш сте биле во друга пештера, заборавете дека сте биле. Постојнска Јама е мајка на сите пештери. Мора да ја посетите еднаш во животот.



Утредента нè чекаше повеќе од 12 часа возење до Скопје. Патот си го поминавме со неколку паузи и едно подолго застанување во Икеа кај Белград. Икеа е местото каде за ич пари отепувате убав ручек со сите салтанати.
Се накркавме добро и кинисавме за Скопје. После Хрватско-Српската граница, патот не потсети дека не сме повеќе во  ЕУ. Но, за разлика од пред неколку години и дека не сме баш толку далеку. Сме заминале со патиштата, сакале признале или не, накај арно и ние и Србите. Стигнавме во Скопје нешто после полноќ. Си бевме дома за Илинден, како и што планиравме, како што е и редот.

Главниот впечаток од ова патување е дека возможни и достапни ни се и други дестинации од оние што сме навикнати да ги посетуваме. Не знам што им е на грциве, хрвативе и овие во Охрид наш со цениве, ама има места низ регионов и Европа каде за исти пари може да си поминете незаборавни доживувања. Токму затоа патувањево во Италија го покрив со три репортажи, за да не им е баук на луѓето. Има куп опции. Не мора да биде патувањето со кола, ако ви е мака возењето. Има евтини летови од нискобуџетните компании, па потоа може со воз. По онаа груба пресметка што ја направивме би чинело исто или помалку ако се патува така отколку со кола. Едноставно, потребно е само добро и внимателно планирање и желба за нешто поинакво.

Ариведерчи рагаци!

Јане Ѓорѓиоски

Фото: Ана и Јане

Прочитајте ги другите две репортажи од патувањето:

1. Сите страшни приказни што сте ги чуле за Неапол, заборавете ги

2. Рим – епицентарот на светската историја, Фиренца – градот уметност самиот по себе

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БардолиноГардаИталијаМонте КарлоПостојнарепортажаСанремо

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците создадоа „временско огледало“ – бран што се движи наназад во времето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk