ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Рама за „Ла Стампа“: Ситуацијата на српското малцинство на северот на Косово може да биде мал Донбас

August 10, 2023 19:59
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Ситуацијата на северот на Косово изгледа помирна овие недели, но албанскиот премиер Еди Рама во интервју за италијанскиот весник “Ла стампа” наведува дека конфликтот таму може да стане поголем, јави Еј-Би-Си Њуз.

Во интервјуто за  еден од најголемите италијански весници, Рама прави паралела со ситуацијата што избувна пред неколку години, во Донбас, од каде започна непријателството со Русија.

– Многу сум загрижен, но се зависи од нас. Никој не може да го вознемири Балканот ако не му дадеме шанса. Конфликтот во Косово може да стане голем, макар и во мал обем. Ситуацијата на српското малцинство на север може да биде мал Донбас. Сонот на Путин. Но, Србија не може да се претвори во Русија, дури и да сака, изјавил Рама.

Тој одговара и на прашањето дали останува на своите претходни изјави во однос на  одлуките на премиерот на Косово, Албин Курти.

– Го почитувам тоа што сум го кажал. Тој е тврдоглав и максималист. Тој има фантастична можност, а тоа е француско-германскиот мировен план. Договорите не се на маса засекогаш. Потоа, приказната ве тера да чекате, одговара тој.

Албанскиот премиер зборува и за односите со неговата италијанска колешка Џорџија Мелони, велејќи дека нејзиниот избор бил големо изненадување.

Тој се осврна  и на дочекот на Мелони во Тирана во декември минатата година за Самитот ЕУ-Западен Балкан кога ја прегрна, што беше регистрирано и коментирано од медиумите.

– И се восхитувам. Џорџија е помлада сестра на Албанија, јас сум постар брат на Италија. Се запознавме во Тирана.  Се прегнавме, пред да разговараме,  рекол премиерот Рама.

Опширно зборува за туризмот во неговата земја, велејќи дека бројките на туристи оваа сезона се над очекувањата и оти е оптимист дека ќе биде остварена рекордна бројка од околу 10 милиони туристи.

Tags: КосовоРама
Next Post

Oд КПД „Идризово“ избегале тројца затвореници, полицијата ги фатила

Најново

Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk