Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир им се заблагодари на претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и шефот на дпломатијата, Бујар Османи за поддршката од Северна Македонија на Украина и приклучувањето на Заедничката декларација на Г7.
Им благодариме на претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и шефот на дпломатијата, Бујар Османи за поддршката од Северна Македонија на Украина, која се заснова на заеднички демократски вредности и интереси, пред се, почитување на Повелбата на ОН и принципите на територијален интегритет и суверенитет. напиша Дир на Твитер.
Им благодариме на @SPendarovski,@DKovachevski, @Bujar_O за поддршката од Северна Македонија на Украина,која се заснова на заеднички демократски вредности и интереси,пред се,почитување на Повелбата на ОН и принципите на територијален интегритет и суверенитет
🇺🇦🇲🇰#StandWithUkraine https://t.co/G6reJhroYm— Larysa Dir (@dir_larysa) August 16, 2023
Твитот на украинската амбасадорка следува по објавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во која вели дека Северна Македонија се приклучи на Заедничката декларација за поддршка на Г7 за Украина и нагласува дека безбедноста на Украина е составен дел на безбедноста на евроатлантскиот регион и ние остануваме посветени на поддршката на украинскиот народ соочен со руската агресија.
Како што објави вчера ЦивилМедиа, благодарност до Северна Македонија и премиерот Димитар Ковачевски за поддршката за Украина и приклучувањето кон Декларацијата на Г7 упати украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
I am grateful to North Macedonia for joining the G7 Declaration in support of security guarantees for Ukraine and becoming the 15th country to do so. I appreciate Prime Minister Dimitar Kovačevski’s @DKovachevski personal efforts to strengthen our countries’ partnership 🇺🇦🇲🇰
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 15, 2023
За потсетување, земјите од Г7 во саботата објавија безбедносна рамка која го отвора патот за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел да ја одбрани земјата од Русија и да ја одврати од можна идна агресија,
Драган Мишев / Цивил Медиа