ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Филипе Маса ја тужи Ф1 за заговор против него во 2008 година и бара да му се додели шампионската титула

August 18, 2023 15:16
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Адвокатите на поранешниот Ф1 возач Фелипе Маса официјално поднесоа тужба против Формула 1 и Светската автомобилистичка федерација барајќи значителна отштета. Штетата била претрпена како резултат на наводен „заговор“ кој на Маса му ја одзеде шампионската титула во 2008 година.

Според Ројтерс, во писмото за побарување се вели дека на Бразилецот незаконски му била одземена титулата како резултат на постапките на повисокото раководство, што го чинело десетици милиони евра загубени приходи и бонуси. Маса ги информирал своите адвокати во Велика Британија, Бразил, САД, Швајцарија и Франција.

Писмото за побарување е задолжително формално правно известување, чие поднесување е потребно за започнување на судски спор.

Формула 1 и ФИА одбија официјални коментари, наведувајќи го фактот дека шампионатот моментално е на летна пауза.

– Едноставно кажано, Маса е вистинскиот шампион во Формула 1 во 2008 година, а Формула 1 и ФИА намерно го игнорираа недоличното однесување што му ја одзеде титулата. Во оваа фаза, Маса не може целосно да ги процени загубите што ги направил, но, според неговите прелиминарни процени, сумата може да надмине десетици милиони евра. Во исто време, оваа сума не ги покрива сериозните морални и репутациски загуби што ги претрпе Маса, стои во извадок од официјалното писмо од адвокатите на Маса.

Ова писмо беше упатено до директорот на Формула 1, Стефано Доменикали и претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем.

Во писмото, исто така, се наведува дека во случај Маса да не добие задоволителен одговор на своите тврдења, тој има намера да оди на суд за да добие надомест за штетата што му е нанесена.

Маса е жртва на контроверзната трка за Големата награда на Сингапур во 2008 година. Тој водеше на трката кога Нелсон Пике Џуниор, како што подоцна се покажа, намерно удри со својот болид во 14-от круг од трката. Несреќата доведе до појавување на безбедносно возило на патеката, кое му одеше во прилог на тимскиот колега на Пике во Рено, Фернандо Алонсо, кој на крајот стана победник на трката. Маса поради неуспешен пит стоп воопшто не успеа да освои поени. На крајот на сезоната, Маса ја загуби титулата од Луис Хамилтон, разликата беше еден поен.

Tags: Ф1Филипе Маса
Next Post

(ВИДЕО) Буча: Сведоци на војната

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk