ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сите „Да“ на ВМРО-ДПМ(НЕ)

August 21, 2023 12:16
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ го опструира речиси секој побитен државнички пат, односно не го поддржуваа Преспанскиот договор, го бојкотираа референдумот за промена на името, не се израдуваа за членството на државата во НАТО, собираа потписи со цел поништување на Законот за попис, организираа протести под мотото „Ултиматум – НЕ, благодарам!“ против францускиот предлог…

Ултиматум – НЕ, благодарам!

Во Собранието на Република Северна Македонија (на 16 јули 2022 година) се изгласаа заклучоците за европскиот предлог што го понуди француското Претседателство со Советот на ЕУ, за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. Како што е познато, европскиот предлог беше дочекан „на нож“ од опозицијата. Протестите организирани од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и неколку помали вонпарламентарни партии и политички групи пред Владата, Министерството за Надворешни работи и пред Собранието. Дебатата во Собранието се одвиваше во вжештена атмосфера, со говор на омраза од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и попречување на излагањата на другите пратеници со свирење на вувузели, свирчиња и крајно недолични довикувања кон пратениците што го поддржаа европскиот предлог.

Протестите што се одржуваа под мотото „Ултиматум – НЕ, благодарам!“ преку кој се бараше отфрлање на европскиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија, беа насилни, со инциденти и експлицитен говор на омраза кон албанската етничка заедница. На протестите беа забележани граѓани со покриени лица, качулки, а освен јајца, тоалетна хартија, бекатон плочки и железни објекти, се фрлаа и молотов коктели. Беа забележани и голем број напади врз полицајците.

И покрај тензиите, протестите, обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за политичка и општествена дестабилизација, заплашување со „бугаризација“, „бришење на идентитетот“, „бришење на јазикот“ итн. , ниту еден пратеник од овие две партии не гласаше ПРОТИВ европскиот предлог.

Никогаш Северна, опструкции за членството во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ се уште (барем на зборови) не ја преболи „Северна“, односно Преспанскиот договор и одржувањето на референдумот за промена на името, со што се отстрани и последната препрека за членство во НАТО. ВМРО-ДПМНЕ работеа против Преспанскиот договор, го бојкотираа референдумот и се обидуваа на секаков начин да го опстуираат зачленувањето во НАТО.

Дури и при гласањето на ратификацијата на Договорот за членство во НАТО во Собранието на РСМ (на 11 февруари 2020 година), при овој свечен настан, кога признанија и честитки за завршувањето на 30-годишниот пат на државата до полноправно членство во НАТО пристигнуваа од сите страни, само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не аплаудираше и не се израдува на историскиот успех, за остварувањето на една од клучните стратешки цели на државата.

Попис – „НЕ“

Ниту пописот на население и домаќинства во 2021 година не помина без „не“ на ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија тогаш започна кампања со собирање потписи со цел поништување на Законот за попис. Исто и тогаш лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покрај тоа што бараше одложување на пописот поради ковид пандемијата, бараше и предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори. Цврстото „НЕ“ на Мицкоски премина во „ДА“ по средбата на тогашниот лидер на СДСМ и премиер Зоран Заев, со тоа што се одложи пописот за неколку месеци (наместо во април, пописот се одржа во септември), заедно со воведувањето на отисок од прст и одложувањето на локалните избори за втората половина на октомври 2021 година.

И покрај пречките и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, се одржа успешен референдум за промена на името, нашата држава стана 30-та членка на НАТО Алијансата, успешно се реализира ПОПИСОТ 2021, Собранието ги изгласа заклучоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија…

Освен изгубеното време, опстукциите и сопките на ВМРО-ДПМНЕ не постигнаа ништо друго. Односно, сите НЕ на ВМРО-ДПМНЕ со тек на време станаа ДА. Дали вмровското НЕ за уставни промени по таа логика и след на околности ќе биде уште едно историско ДА?

Дехран Муратов / ЦивилМедиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Почна реконструкцијата на салата во Спомен-дом АСНОМ во Делчево

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk