Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за одредување нова локација на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето. Локацијата ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек, соопшти Град Скопје.
– Оваа точка што поскоро да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје, така што единствен начин да се исправи неправдата, е да се оддолжи на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, како и да се паметат и чествуваат хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен, се наведува во соопштението.