Американската Амбасада денеска им порача на граѓаните на САД кои се во Белорусија веднаш да ја напуштат земјата. Голем број земји, вклучително и Литванија, ги затворија граничните премини со Белорусија поради нејзината соработка со руските сили за време на инвазијата врз Украина, пишува Скај њуз.
„Напуштете ја Белорусија преку преостанатите гранични премини со Литванија и Летонија или со авиони“, се наведува во соопштението.
Амбасадата, исто така, ги предупреди американските граѓани да не патуваат во Белорусија поради нејзината поддршка за руската инвазија врз Украина и поради ограничените можности што САД можат да им ги дадат на поединците кои живеат или патуваат таму.
Засега отворени се четири гранични премини со Литванија, а можно е дополнително затворање на границите.
Г. Т.