ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Комплетирана програмата за Get EXITed спектаклот во Струмица: Џон Њуман и Бурак Јетер добија одлично регионално засилување

August 22, 2023 15:27
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Комплетирана е програмата за Get EXITed спектаклот во Струмица: Џон Њуман и Бурак Јетер добија одлично регионално засилување, влезот слободен!

Објавена е целосната програма на второто издание на Get EXITed настанот во преубавиот струмички Градски парк. ЕГЗИТ и Општина Струмица за 7 септември подготвуваат спектакл кој го предводат Џон Њуман, Бурак Јетер и Констракта, а сега им се придружуваат Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и „Д Георс“. Овие одлични изведувачи за време на маратонската забава на посетителите ќе им донесат разновиден звук – од соул, поп и рок, преку најголемите глобални хитови, до музика на светот и техно! Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со општината Струмица, влезот е слободен, додека за посетителите кои овој голем настан сакаат да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезниците по промотивната цена од 3100 денари.

Суверената поп/соул ѕвезда Џон Њуман, турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј Бурак Јетер и една од најпосебните музичарки на нашите простори Констракта на 7 септември ќе се најдат во исклучително друштво на колегите и колешките од регионов! Квалитетната гитарска страна на Get EXITed настанот ќе ја предводат рок ветераните на регионалната сцена, бендот Ван Гог. Во тридецениската кариера тие создадоа 10 студиски албуми, меѓу кои најновиот „More bez obala“. Овој бенд, оформен во 1986 година, наполни многу арени во Србија и светот и два пати ја освои регионалната „Емтиви“ награда. Пејачот, гитарист, автор на песните и фронтмен на групата , Звонимир Ѓуриќ – Џуле во 2019 ја објави книгата „Ван Гог – Море без брег“, со стихови од песните, фотографии и, како што се вели во описот на книгата – тајни.

Македонскиот Џамбо Агушев Оркестар потекнува токму од Струмица, а денеска е еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот. Првото аудио-издание за меѓународниот пазар го објавија во 2016 година, што беше важен чекор во трасирањето на патот на овој бенд кон светската сцена, додека во 2020 пристигна вториот албум, насловен „Brasses For the Masses“, и тоа за угледната германска издавачка куќа „Асфалт Танго“. Овој албум донесе одлична изведба, но и нов, практично фанки звук, како и композиторска разновидност која Оркестарот Џамбо Агушеви во полн сјај ќе ја покаже во струмичкиот Градски парк.

На овој Get EXITed настан ќе бидат претставени и исклучителни млади уметници од полето на електронската музика, меѓу кои се Лана (Lanna) и Д Георс (The Geors). Лана е продуцентка и диџејка од Нови Сад, една од најперспективните млади надежи на електронската сцена. Нејзиниот пат кон ѕвездите почна кога на 13 години за прв пат настапи на Егзит како најмлада учесничка, а зад себе веќе има настапи со најголемите глобални имиња, меѓу кои се Нина Кравиц, Амели Ленс, Пол Калкбренер и Индира Паганото. Лани есента започна да ги објавува првите изданија – прво „My Journey“, а потоа и ЕП „White Shadows“ во соработка со Себастијан Хас. Така стана најмладата продуцентка на Топ 100 Прогресив-хаус листата на Битпорт. Оваа инспиративна млада музичарка е воедно и првото име кое истапи пред сеопфатниот центар на ЕГЗИТ за развој на глобални музички ѕвезди, насловен „EXIT Echosystem“.

„Д Георс“ е македонско мелодик-техно дуо составено од двете сестри близначки – Патриција и Андреа Геор. Патувањето во светот на електронската музика го започнаа во 2015 година, а освен во родната Македонија, до сега настапувале и во Швајцарија, Грција, Албанија, Бугарија, додека глобалните сцени секако ги очекуваат. Покрај големата љубов кон класичната музика и свирењето клавир и виолина, сестрите Геор зад себе имаат и успешни кариери во манекенството, кои траат повеќе од деценија.

Со седум исклучителни изведувачи меѓу кои се Џон Њуман, Бурак Јетер, Констракта, Џамбо Агушеви Оркестар, Ланна и Д Георс, второто Get EXITed издание ветува несекојдневно разновиден музички настан на кој сите се добредојдени! Влезот е слободен, додека за посетителите кои овој голем настан сакаат да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезници по промотивна цена од 3.100 денари. Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со Општина Струмица.

Tags: Get EXITedСтрумица
Next Post
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Овојпат не власта туку делегитимирана е опозицијата

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk