ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кулминација на лудоста и апсурдот!

August 24, 2023 08:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ГОРАН ВОЛКАНОСКИ

Мицкоски со последните изјави во Кичево очигледно решил „во име на народот“ да ја уништи иднината на државата и истиот тој народ! Никој не може да ме разубеди дека тоа го прави несвесен за значењето на историскиот момент пред кој сме исправени. Тоа укажува на неколку работи.

Прво, народски кажано, толку го има дадено газот под кирија, што очигледно не може назад.

Второ, нереформираното вмро, со груевистичката матрица на политичко опстојување, не го прифаќа процесот на европеизирање на македонското општество затоа што во такви околности, ваквото вмро не ќе може да опстојува со наративите од минатите триесеттина години, со кои опстојуваше на македонската политичка сцена!

Трето, во немање на поцврст аргумент за своите позиции во однос на недавањето на поддршка за уставните измени, ја исфрлаат манипулативната парола – „Бугарски диктат“! Јадица на која се фаќа голем дел од македонската јавност.

И, она што е најбитно, а за жал македонската јавност во голема мера не го согледува, е заложничката позиција во која ја става иднината на цела држава, само и само поради опстојувањето на позициите на груевизмот. Што подразбира враќање на заробеното општество како состојба која овозможува егзистирање на вмро со ваква матрица на политичко дејствување. Жртва на крајот од денот секако ќе бидат европерспективите и не само тоа, туку под прашалник ќе биде ставено и опстојувањето на државата!

Но! Во сета оваа заложничката драма, зрак на надеж сепак е доаѓањето на Ескобар во овој критичен момент.

Мое лично согледување е дека сиот напор што нашите пријатели од ЕУ и САД во минативе десеттина години го прават, е во насока ова подрачје од Европа да се стави на колосекот на наше безбедносно и економско интегрирање во западните безбедносни и економски сојузи. Потрошено време, енергија, финансии. Нема да се дозволи да се упропасти! Посебно во сегашниве околности после избивањето на руско-украинскиот конфликт. Кој во својата суштина произлегува од истите оние мотивации кои предизвикуваат конфликти и на Балканот, а и кај нас!

Велам конфликт и кај нас! Да, поинаку не можам да ја дефинирам сегашнава наша ситуација, освен како конфликт помеѓу напредното, демократското, проевропското од една страна. И ретроградното, назадното, кое не носи во конфликт, уназадување, несреќи!

Она што ми дава надеж е сознанието што ми се наметна уште пред десеттина години, поради што бев уверен дека тогашната борба ќе успее. А тоа е следново. Среќа наша што големите западни демократии увидоа дека им е во интерес да вложат во интеграција на Балканот во Европа и НАТО, како предуслов за стабилен регион. Увидоа дека ова невралгично подрачје, доколку биде оставено на ветрометина на ретроградните, националистички сили, лесно може да предизвика конфликти кои што во крајна линија ќе ги засегне и нивните интереси. И, тоа е наша среќна околност!

Мислам дека Мицкоски ќе добие понуда која не ќе може да ја одбие!

Македонија, ЕУ перспективите на цел регион, не може и несмее да останат во заложништво на една неодговорна политичка структура која не знае или не сака да ги прифати овие околности. Околности кои значат демократизација и европски вредности на целиот Балкански простор, па и во Македонија. Како предуслов за обезбедување развој, благосостојба и достоинствен живот!


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Сончево и многу топло, попладне пороен дожд и грмежи

Shortcut

Најново

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk