Директорот на Украинската разузнавачка служба Кирило Буданов синоќа изјави дека во вчерашните напади уништени се два руски бомбардери.
Два се уништени, два не можат да се поправат, истакна Буданов.
Тој додаде дека и петти руски авион е погоден, но не прецизира каде и кога точно се случиле нападите.
Руските власти пријавија серија напади на аеродроми во текот на изминатата недела, вклучително и Солциј во Новгородската област, во Шајковка и во регионот Калуга.
Британското разузнавање тврди дека Русија во нападот врз Солциј можеби изгубила суперсоничен бомбардер со долг дострел Ту-22М3, способен да носи нуклеарно оружје.