Во античкиот театар Марчело во Рим вечерва концерт ќе одржи триото „Балкан ашк“ во рамки на фестивалот „Concerti del Tempietto“.
Триото е во состав Ерхан Шукри – виолина, Енис Аљи – виолончело и Мерсиха Шукри – харфа кои ќе изведат дела од Ј. С. Бах, М. Глинка, Д. Фавре, Д. Шостанкович, П. Маскањи, Џ. Пучини, Офенбах, Р. Ловленд, Ф. Атаоглу и обработка на македонски народни теми.
Годинава, фестивалот „Concerti del Tempietto“ одбележува 35 години од постоењето.