ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Поради „Шпански скали“ на Јанакиески сме на арбитража, но тужителот има површни аргументи

August 25, 2023 14:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи информира дека на 18ти август 2023 година од страна на Групација Амадеус и Амадеус Девелопмент ДООЕЛ, регистрирана е арбитражна постапка против Република Северна Македонија според Правилата и Конвенцијата на Меѓународниот центар за решавање на Инвестициски спорови (ICSID).

-Групација Амадеус побарува надомест за прекршувањето на Билатералниот договор за поттикнување и заемна заштита на инвестициите кој го имаме со  Владата на Република Албанија Прелиминарните барања на тужителот се Република Северна Македонија да плати отштета на Групација Амадеус за наводно претрпена загуба во износ што моментално се проценува на не помалку од 110 милиони американски долари. Како што се наведува во известувањето за поведување на арбитражна постапка, Групација Амадеус првенствено била одговорна за изградба на комерцијална зграда, вклучително и хотел, во градот Скопје. Дозволата, исто така, барала изградба на скалила, кои беа познати како „Шпански скали“, рече Битиќи.

Тој кажа дека на јавноста и е познато дека проектот „Шпански скали“ е веќе предмет на кривично гонење.

-Тужителот тврди дека Општината Центар наводно му забранил на Амадеус да започне со градба. И покрај фактот што општината го издала првичното одобрение за градба во јули 2015 година, другите нејзини одлуки наводно го попречувале развојот на секој нареден чекор. Од 23 мај 2015 година до 30 септември 2015 година, Општината наводно ставила мораториум на градба.  Набргу потоа, втората одлука наводно конкретно ја забранила изградбата на хотелот и деловната зграда на Амадеус, почнувајќи од 31 декември 2015 година. Тужителот тврди дека наводно поништувањето на Урбанистичкиот план за 2012 година резултирало со стапување во сила на Детален урбанистички план за централното градско подрачје на Град Скопје кој наводно не го вклучувал градежниот проект на Амадеус, рече Битиќи.

Според него, во овој момент тужителот само има наведено површни наводи и аргументи без докази и документација во поткрепа на така изнесените наводи.

-Постапката е покрената неколку години по наводно сторената повреда на договорот. Целиот процес започнува со распишаниот тендер од страна на Министерството за транспорт во 2012 – 2013 година, тогашен министер е Миле Јанакиески, заклучи Битиќи.

Tags: БитиќиЈанакиескиШпански скали
Next Post
Фото: Скриншот

Четири клучни работи од снимката кои навестуваат што најверојатно се случило со авионот на Пригожин

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk