ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателот на Судски совет го повика министерот Лога да присуствува на седниците на Советот

September 1, 2023 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Oчекувам и во интерес на правосудството е министерот за правда, Кренар Лога, да биде активен, да придонесува во решавањето на секој проблем со кој што се соочуваме како правосудство, изјави претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.

На прашање како ги коментира ставовите на министерот Лога, во однос на работата на Судскиот совет, тој рече дека смета дека тоа е видување на министерот.

– Ова е негово видување, но да не заборавиме дека министерот за правда е член на Судскиот совет на секоја седница по функција на службеност тој е повикуван, ги добива материјалите, записниците за работа и очекувам и во интерес на правосудството е тој да биде активен, да придонесува во решавањето на секој проблем со кој што се соочуваме како правосудство, рече Георгиев.

Дополни дека не би се впуштал во гледиштето на министерот, но, како што рече, „го повикувам во иднина да биде активен и да преземе проактивно учество во работењето како член на Судскиот совет“.

– Иако согласно Законот е ограничено правото на гласање и на учество во делот на гласањето, но во делот на решавањето на проблемите, во делот на соочувањето со реалните проблеми кои се дискутираат, а со кои се соочуваме во тековното работење, тука е неминовно дека може да даде свој придонес во решавањето на овие проблеми, рече претседателот на Судскиот совет.

Во однос на прашањето за тоа дека нема пријавени кандидати од Врховниот суд за член на Судски совет, со оглед дека се повтори огласот, односно по повлекувањето на претходниот кандидат, тој рече дека ќе се распише нов оглас.

– Очекуваме да има претставник од Врховен суд, тоа е нивно право согласно Законот, согласно Уставот. Право за да имаат претставник во Судскиот совет во решавањето на тековните проблеми, во постапувањето во Судскиот совет. Но, можеби во период на летни одмори, во период кога беше судиска ферија, бевме заради законските обврски должни да постапиме со овие рокови, можеби и тоа има свој придонес. Но, во секој случај ќе следи на прва наредна седница, откако ќе биде констатирано дека нема кандидати ќе се распише нов оглас, рече тој.

Прашан за претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, Георгиев рече дека има формирано работна комисија и се чека извештајот, по што ќе биде разгледан на седница на Советот.

– Во делот на тоа што велите зошто сѐ уште колегата, односно претседателот на Управен суд е судија, односно претседател на овој суд, и додека нешто не се докаже не можеме да размислуваме во тој дел. Доколку сметате дека е нешто причина за кривична одговорност или слично, тоа е веќе друг елемент, не сме надлежни ние во тој дел. Седницата не ја одложуваме, го чекаме материјалот да биде изготвен и веднаш ќе биде ставен на разгледување на седница, рече Георгиев.

Tags: КРЕНАР ЛОГАСашко ГеоргиевСудскиот Совет
Next Post

Во Битола зголемен бројот на запишани првачиња

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk