ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Со новиот закон за македонски јазик се проширува задолжителната употреба на јазикот и писмото

September 8, 2023 14:58
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Новиот Закон за употреба на македонскиот јазик е од огромно значење за зачувување и унапредување на нашиот јазик и културно наследство, затоа очекувам од сите да биде едногласно поддржан. Ја проширува задолжителната употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо на поширок опсег на области“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за весникот „Вечер“.

Таа додаде дека една од најголемите придобивки на овој нормативен акт е задолжителното вработување на лектори во законодавните, извршните, судските власти, единиците на локалната самоуправа, ќе се лекторираат официјалните документи и текстовите на јавните установи и институции во културата, образованието и науката, во медиумите.

„Грижата за македонскиот јазик, унапредувањето на неговата примена се започнува од најрана возраст затоа секој вид јавна комуникација со правилно користење на јазикот е приоритет на новиот закон. Меѓународните договори ратификувани во согласност со нашиот Устав, исто така, ќе подлежат на лекторирање, заедно со публикации, учебници, магистерски и докторски трудови и преводи на македонски јазик. Дополнително, ќе бидат вклучени физички рекламни материјали, имиња на производи, пакување, упатства… Овој закон ја дава основата за усвојување на Национална стратегија за македонскиот јазик, што ни овозможува дополнително да го чуваме неговиот интегритет“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката исто така истакна дека Министерството за образование и наука ќе нуди стипендии за јазични студии, а професионалните лектори ќе бидат лиценцирани.

„Преку засилен инспекциски надзор, имаме цел да поттикнеме правилна употреба на јазикот во сите сфери, осигурувајќи се дека се зачувани уникатните квалитети на нашиот јазик. Јазикот е нашиот идентитет, а оваа законска рамка значително придонесува за зачувување на нашето културно наследство и државност“ потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаЗакон за употреба на македонскиот јазик
Next Post

Ковачевски: Народот ја поддржува европската визија за Македонија, дел од опозициските пратеници сакаат да ја закочат

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk