ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ воведе санкции против шест лица за кршење на човековите права во Русија и Украина

September 8, 2023 20:03
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ денеска одлучи да воведе санкции кон шест лица одговорни за „сериозни прекршувања на човековите права во Руската Федерација и на териториите на Украина кои Русија привремено ги окупираше, вклучително и за кршење на слободата на мислење и изразување“.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, меѓу шестмината има обвинители и судии во „судовите основани од страна на руските окупаторски сили на незаконски анектираниот Крим“, кои учествувале во „политички мотивираните судски постапки“ против новинарот Владислав Јесипенко, кој беше осуден на шест години затвор и против лидерот на кримските Татари, Нариман Џељалов.

– Рускиот режим го користи судството во земјата како алатка за бројни сериозни прекршувања на човековите права. Правосудниот систем не е независен и се користи за систематско и сериозно кршење на човековите права на поединци кои се спротивставени на владејачкиот режим со нарушување на нивната слобода на мислење и изразување, се наведува во соопштението на Европскиот совет.

На листа од шестмина нови санкционирани се и двајца припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), кои или учествувале во тортурата на Јесипенко или ги воделе истрагите во неговиот и во случаите против членови на кримската татарска заедница и на Јеховините сведоци на Крим.

Во соопштението се посочува дека рестриктивните мерки на ЕУ согласно Глобалниот режим за санкции за човековите права се во сила за вкупно 67 поединци и 20 ентитети.

На санкционираните им е замрзнат имотот на територијата на ЕУ, а на граѓани и компании од земјите членки на Унијата им е забрането да им доставуваат средства. На санкционираните физички лица дополнително им е забрането патување или транзит преку територијата на ЕУ.

– ЕУ не го признава обидот за нелегална анексија од страна на Русија на Автономната Република Крим и градот Севастопол, како и на делови од регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон во Украина, со што се прекршува меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН. Унијата останува цврста во својата посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и е посветена на целосно спроведување на својата политика за непризнавање. ЕУ е загрижена поради континуираното влошување на состојбата со човековите права на териториите на Украина кои Русија привремено ги окупираше во текот на руската агресивна војна против Украина, се додава во соопштението.

Европскиот совет на 7 декември 2020 година воспостави Глобален режим на санкции за човековите права, кој се применува за дела како што се геноцид, злосторства против човештвото и други сериозни прекршувања или злоупотреби на човековите права, како тортура, ропство, вонсудски убиства и произволни апсења или притворања.

– Глобалниот режим на санкции за човековите права на ЕУ ја нагласува решеноста на Унијата да ја зајакне својата улога во справувањето со сериозните прекршувања и злоупотреби на човековите права ширум светот. Остварувањето на ефективно уживање во човековите права од сите е стратешка цел на Унијата. Почитувањето на човечкото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права се темелни вредности на Унијата и нејзината заедничка надворешна и безбедносна политика, се додава во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУРусијасанкции
Next Post

Украинското МНР го повика светот да ги осуди лажните „избори“ на Русија во привремено окупираните области

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски од Карпош: За 4 години ќе успееме да го обновиме овој руиниран систем

October 9, 2025

Сите заложници ќе бодат ослободени: Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 9 октомври

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk