Во Европската куќа на млади во поранешното кино во центарот на Велес, вечер ќе биде свеченото затворање на вториот „Фестивал на џез,ворлд и современа музика“.
Крајот на фестивалот ќе биде означен со изложбата „Nered,music,label“, по што ќе има музички перформанс на Dine Doneff и Јодан Костов.
Влезот за сите љубители на уметноста и музиката е слободен.
Фестивалот го организира здружението „Арт генаратор“ со подршка на Општина Велес, а траеше од 1 до 13 септември со учество на музичари и уметници од неколку земји – Хрватска, Грција, Германија, Австралија и Северна Македонија.