Во Музеј на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Арт тура“, која скопскиот музеј ја организира во соработка со Народниот музеј на Србија, со целосна финансиска поддршка на Град Скопје.
-Концептот опфаќа презентација на 26 репродукции на дела од уметничките збирки на Народен музеј Србија, кои ќе бидат изложени до 26 септември 2023. Тоа се ремек-дела на српското сликарство од периодот на 18 до 20 век, но и дела од колекцијата на странски уметници од периодот на 19 и 20 век, соопшти Музеј на Град Скопје.
Македонската публика ќе има можност да види дела од опусот на Клод Моне, Камиј Писаро, Пол Гоген, Пјер Огист Реноар, Пабло Пикасо, Анри Матис, Едгар Дега, Катарина Ивановиќ, Пајо Јовановиќ, Надежда Петровиќ, Саво Шумановиќ…