ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Годишна Конференција на Воениот комитет на НАТО во Осло

September 15, 2023 09:30
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до недела во норвешкиот главен град Осло ќе се одржи годишната Конференција на Воениот комитет на НАТО посветена на зајакнување на одвраќањето и одбранбената положба на Пактот, на која ќе присуствуваат началниците на генералштабовите на вооружените сили на земјите членки на Алијансата.

Како што соопшти НАТО, на Конференцијата, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на норвешките Вооружени сили, генералот Еирик Кристоферсен, учесниците ќе ги разгледаат одлуките донесени од шефовите на држави или влади на Самитот во Вилнус во јули годинава насочени кон зајакнување на одбраната и одвраќањето на долг рок, во сите домени и против сите закани и предизвици.

Во соопштението се посочува дека клучни во таа насока се регионалните планови дизајнирани за одвраќање и одбрана од двете закани наведени во Стратешкиот концепт и воената стратегија на НАТО – Русија и терористичките групи.

– Ова е дел од еволуцијата на НАТО од Алијанса оптимизирана за вонредни операции, до Алијанса подготвена за операции од големи размери за одбрана на секоја педа од сојузничката територија, се посочува во најавата за Конференцијата.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, началниците на генералштабовите на средбата ќе разговараат за начините како овие регионални планови да се направат целосно извршни, меѓу другото и со зголемување на бројот војници со повисоко ниво на готовност, градење и развој на капацитети, прилагодување на командните и контролните структури на НАТО, засилена обука за колективна одбрана,

зајакната логистика и воена мобилност, како и поддршка на земјите во кои се стационирани заедничките сили.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабовите се состанува двапати годишно во седиштето на Алијансата во Брисел, а еднаш годишно се одржува Конференција организирана во некоја земја членка. Комитетот се состанува за да разговара за операциите, мисиите и активностите на НАТО и да му обезбеди на Северноатлантскиот совет воени препораки засновани на консензус за тоа како Алијансата може најдобро да се справи со глобалните безбедносни предизвици.

Tags: Воен комитетКонференцијаНАТО
Next Post

Порака на ЕК по повод Меѓународен ден на демократијата: Ерозијата на демократијата и човековите права е реалност

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk