ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска на јубилејот на Институтот за национална историја: Минатото е работа на историчарите кои ги респектираат фактите

September 21, 2023 13:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Бисера Костадиновска Стојчевска

Бисера Костадиновска Стојчевска

Минатото е работа на историчарите кои ги респектираат фактите, истакнала министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која денеска се обратила на меѓународниот научен симпозиум по повод 75 години од основањето на Институтот за национална историја во Македонската академија на науките и уметностите.

Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска изразила уверување дека идејата за денешната меѓународна конференција „Европа и Македонија: идеи, процеси и личности“, на која учествуваат научници, истражувачи и интелектуалци од Унгарија, Полска, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и од Северна Македонија, ќе ја потврди суштината на зборовите дека идентификувањето на случувањата во минатото е работа на историчарите кои ги респектираат фактите.

– Наша заедничка должност е и да ја поттикнеме страста за истражување и откривање на историските процеси, особено меѓу младите. Историјата, не како товар, туку како идентитетска карта на една држава која му припаѓа на европското семејство и на европските вредности. И Институтот за национална историја има огромна улога во тоа, рекла Костадиновска-Стојчевска.

Според министерката, Институтот за национална историја е институција од огромна важност за иднината на македонската држава.

– Низ годините, Институтот прераснува во развиена научна установа, со респектиран научен кадар и институција подготвена да се соочи со многубројни предизвици. И во оваа пригода, на сите што го основаа, го подигнаа и го етаблираа Институтот за национална историја, им благодарам што подигнаа здрав бедем, потенцирала Костадиновска-Стојчевска.

На отворањето на дводневниот симпозиум, се обратиле и директорот на Институтот за национална историја Драги Ѓоргиев и новата ректорка на скопскиот Универзитет Билјана Ангелова.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаИнститут за национална историјајубилеј
Next Post
Фото: Круг филм

Започна снимањето на босанскиот филм „Павилјон“ во копродукција со „Круг филм“ од Скопје

НАЈНОВО

Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

August 19, 2025

На 7 септември во Струмица ќе се одржи четвртиот Get EXITed!

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk