ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Вучиќ: Србите на Косово се побунија, не сакајќи да го трпат теророт на Курти, за осуда е убиството на косовскиот полицаец

September 24, 2023 21:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во обраќањето до јавноста по последните настани на Косово и пукањето во селото Бањска рече дека ова е еден од најтешките денови за земјата и народот од 2004 и 2008 година, и да „Србите на Косово се побуниле, бидејќи не сакаат повеќе да го трпат теророт на Албин Курти“, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој кажа дека безброј пати досега предупредувал да поради апсењата, провокациите, погромот над Србите на Косово дека вакво нешто ќе се случи.

-Србите, а не луѓето од централна Србија како што лажеа во приштинските медиуми, туку луѓето од Косово и Метохија се побунија, не сакајќи да го трпат теророт на Курти, кажа Вучиќ … 62 пати е користена косовската полиција против Србите, има 22 ескалирачки потези на северот, 56 етнички мотивирани напади врз Србите, само прашање на време беше кога особено оние што ги гони полицијата и кои постојано се движат меѓу централна Србија и Косово за да избегнат апсење, секако дека ќе се обидат да направат нешто за себе и неговото семејство, изјави Вучиќ

Тој го осуди убиството на припадникот на косовската полиција.

 

-Да бидам прецизен, во никој случај не сакам да го оправдам убиството на албанскиот полицаец, тоа е за осуда и тоа е нешто што никому не му беше потребно, а најмалку на српскиот народ во моментот кога сите сфатија дека Курти е главниот организатор на хаосот во Косово и Метохија, и на ова осуда нема „меѓутоа“, рече Вучиќ.

Во обраќањето тој кажа дека целта на Косово за вооружената пресметка во Бањска била „вината да падне на Србија“ и да „единствен виновник за она што се случи на Косово е Албин Курти, кој не сакаше да спроведе Заедница на српски општини (ЗСО) и единствена цел му беше да ја вовлече Србија во војна“.

-Според информациите со кои располагаме, додаде тој, загинале тројца Срби од Косово, двајца од снајперски оган од далечина, двајца се тешко ранети, а се стравува дека и четврто лице ќе настрада, бидејќи не сакале да му пружат помош, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека српската војската и полицијата немаат никаква врска со инцидентот.

Српскиот претседател кажа дека Советот за национална безбедност постојано е во заседание и дека утре ќе го соопшти ставот на Србија за овие настани, завршувајќи го обраќањето со порака дека „Србија никогаш нема да го признае Косово“.

Извор: МИА

Tags: БаањскаВучиќобраќање
Next Post

(ВИДЕО) Радомир Почуча: Не сум мртов!

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk