ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се произнесат како што се чувствуваат, тоа е европска вредност

September 25, 2023 13:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Тие имаат апсолутно право да се произнесат онака како што се чувствуваат односно да се произнесат како Македонци. Правото на самоопределување на секој еден граѓанин, без разлика каде и на која територија се наоѓа, е една од темелните европски вредности, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска прашана за коментар во врска со бугарски притисоци кон македонското малцинство во Албанија за изјаснувањето на нивната национална припадност на пописот што се спроведува во таа земја.

Петровска во одговор на новинарско прашање на прес-конференција рече дека европските вредности треба да ги почитуваат и земјите кои се во ЕУ како и останатите кои сакаат да пристапат во Унијата.

Посочи дека една од целите на европското интегрирање е со зачленувањето на државава во ЕУ, македонскиот пасош да биде европски што ќе овозможи граѓаните да не чувствуваат, како што рече, притисоци или да бидат залажувани со некои бенефиции за да се попишат различно од она што го чувствуваат.

Една од целите што сакаме да ја постигнеме со ЕУ-интеграцијата и за која неспорно сите сме за – е кога Република Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ, македонскиот пасош да биде европски пасош за граѓаните понатаму да не чувствуваат какви било притисоци или не бидат залажувани за одредени бенефиции, впишувајќи се како различна национална припадност од онаа што тие ја чувствуваат, истакна Петровска на прес-конференција со министерот за одбрана на Норвешка, Бјорн Арилд Грам.

Додаде и дека грижата за интересите на граѓаните на Северна Македонија или нејзини припадници, без разлика каде живеат, „се докажува со реални постапки, а не само со говори“.

Tags: АлбанијаПописСлавјанка Петровска
Next Post

Донација од над 70 воени возила за Армијата на Северна Македонија, најави норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk