ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши за Телевизија 24: На 10% намалена царината на дел од овошјето и зеленчукот, зголемни квоти за увоз на јужно овошје

September 28, 2023 12:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

„Владата на седницата која се одржа утринава донесе неколку Одлуки со кои се
намалуваат цариснките давачки од 65%, 55% и 45% на 10% за повеќето
производи кои спаѓаат во категоријата овошје и зеленчук, освен домати,
краставици и пиперки, имајќи во предвид дека ќе им се даде дополнителен рок на
нашите производители на овие производи до 1-ви декември за да го снабдуваат и
македонскиот пазар“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на
денешното гостување во емисијата „10 минути“ на Телевизија 24.

Како што информираше министерот според анализите на Министерството за
економија има зголемен извоз извоз на земјоделски производи од нашата земја
што се надополнува од увоз од соседните земји, што на крај влијае негативно кај
домашните потрошувачи преку повисоки цени.

„Заради тоа што сме обврзани за тој недостаток да го покриваме преку увоз. Во моментот кога се прави увоз во овој период, за овие производи има царинска давачка од 65%. На пример ако ако еден земјоделски производ чини 100 денари при увоз, увозна цена, директно станува 165 денари, без никакви маржи да имаат трговците на мало или трговците на големо. Зошто е тоа направено, заради што имаме систематски пропусти и во таа насока треба и Министерството за земјодство, секако во соработка со нас и со Министерство за финансии да ги
усогласиме овие давачки, бидејќи крајната цел е граѓаните да плаќаат пониски цени. А, ние тоа можеме да го направиме, во регионот сме конкурентни и секако дека во таа насока и работиме.“кажа Бектеши.

Министерот Бектеши информираше дека донесена е и Одлука да се зголемат
дозволените квоти за увоз на јужно овошје во Македонија со што очекува да се
намалат цените на овие продукти во текот на годината.

„Зголемени се квотите за лимони, портокали, мандарини. Наместо 8.000 тони за јужно овошје, се зголемува за 2.000 тони до крајот на годината и зимоска ќе имаме пониски цени“, рече Бектеши во телевизиското гостување на Телевизија 24.

Бектеши потенцираше дека со цел да се почитуваат одлуките на Владата
инспекторите на Државниот пазарен инспекторат се постојано на терен и дека изминатите неколку дена се затворени повеќе маркети во Куманово, Тетово, Гостивар и Струга кои не ги почитувале одлуките на Владата и не ги намалиле цените.

„Во делот на намалување на цените, согласно дописот на Министерството за економија целосно да се почитува и Законот за заштита на потрошувачите. Таму се предвидени одредени работи во делот на неможност на трговците да ги стават
во заблуда потрошувачите, да направат измама кон потрошувачите и да наведат ознака гарантирана цена, а при контрола таа цена да не биде намалена, согласно цените кои биле од 1-ви август, минус 10% од тие цени. Според Законот, глобите се затварање на објектот од 3 до 30 дена максимум, плус парична казна, согласо проценката на инспекторите, тие ќе одлучат колку е обемот на измамата.“ кажа министерот Бектеши.

Согласно последните одлуки на Владата намалени се царините на 10% на: домат,
свеж или разладен, краставици, благи и лути пиперки, кромид, праз,
карфиол,брокола,главчеста салата,друга салата,моркови, модар патлиџан,
тиквички. Оваа одлука стапува на сила од денот кога ќе бидат објавени во
Службен весник и ќе траат до 28 февруари 2024 година.

Исто така според Одлуката на Владата за дополнителни 2.000 тони од сегашните
8.000 тони се зголемени безцаринските квоти за агруми, свежи или сушени,
портокали, мандарини, клементини,грејпфрут, лимони и лимета. Оваа одлука
стапува на сила од денот кога ќе биде објавена во Службен весник до 31
декември 2023 година.

Tags: Бектешинамаленацарина
Next Post

Стартува новата редовна авиолинија Скопје - Љубљана

НАЈНОВО

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

August 19, 2025

На 7 септември во Струмица ќе се одржи четвртиот Get EXITed!

August 19, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Мирот како пораз

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk