ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ховениер: Зад вооружениот напад во Бањска стојат една или повеќе структури

September 30, 2023 16:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховениер денеска изјави дека една или повеќе структури стојат зад вооружениот напад врз косовската полиција минатата недела на северот на земјата, кога беше убиен полицаец.

На прашањето на Би-Би-Си дали Србија стои зад нападот, Ховение рече дека количината и квалитетот на оружјето пронајдено во Бањска покажуваат дека „напаѓачите на етничките Срби не го обезбедиле самите“, јавија косовски медиуми, пренесе Бета.

„Сега, знаеме и дека лице кое беше потпретседател на една од српските партии на Косово, за кое се знае дека учествувало на настани со високи српски функционери, преку својот адвокат објавил дека тој е организатор на овој настан“, изјави Ховениер.

Сега поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ вчера ја презеде одговорноста за нападите врз косовската полиција во звечанското село Бањска на 24 септември и поднесе оставка од функцијата во партијата.

„Се уште работиме да откриеме кој точно е одговорен. Но, сега знаеме повеќе за тоа и сме загрижени за тоа што се случило“, додаде Ховениер.

Извор: МИА

Tags: БањскаКосовоХовениер
Next Post
Фото: Ангел Ангеловски

Богоев: Во моментот го доекипираме тимот во секторот за посебни истражни мерки којшто подразбира следење на комуникации и физичко следење

НАЈНОВО

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

October 31, 2025
Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk