ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири на конференција за религиски дијалог: промените во образованието ќе овозможат поголемо разбирање и почитување на различностите меѓу младите

October 5, 2023 11:36
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Ценам дека најголемо влијание на меѓусебното разбирање и почитување,
вклучително и почитувањето на верските разлики, има токму образованието.
Ако децата уште од најрана возраст научат дека не сите луѓе се исти, научат да
ги почитуваат различните од себе, по религија, култура, државата ќе биде
ослободена од грижите дека некогаш ќе се појават внатрешни конфликти меѓу
граѓаните, а причина ќе биде токму религијата.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на отворањето
на „Првата светска конференција за религиски дијалог и соработка“ на која
Северна Македонија е домаќин, а се одржува во Струга во организација на
Министерството за култура.

„Ние кои ги креираме образовните политики, посветуваме особено внимание на
овој аспект. Денес нашите деца имаат предмети посветени исклучиво на
запознавањето на религиите. Ги продлабочуваат знаењата за сопствената, но и
за останатите религии. Учествуваат во воннаставни активности и проекти кои го
развиваат мултикултурализмот и создаваат силни врски помеѓу различните
етнички и верски заедници“, рече Шаќири.

„Промените во образовниот систем се стратешки потег, со кој, покрај другите
ефекти кои ќе се постигнат од аспект на создавање уште поквалитетни
генерации, ценам дека ќе се даде голем придонес во зачувувањето на
општествениот мир и хармонија, токму поради подигнувањето на свеста за
почитување на различностите“, нагласи министерот.

Посакувајќи успешна конференција, Шаќири ги повика сите учесници да се
вклучат во дискусиите во следните денови, бидејќи како што рече, така ќе
придонесеме за унапредување на религиската соработка и со тоа кон градењето
на светот како подобро место за живеење.

Tags: Јетон Шаќириобразованиепромени
Next Post

Иранските активисти ја обвинија моралната полиција на Иран за напад врз тинејџерка која заврши во кома со тешки повреди на главата

Shortcut

Најново

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk