ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Вицепремиерката Грковска организираше тематска седница на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој посветена на состојбите во високото образование

October 9, 2023 14:16
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Владината Комисија за човечки ресурси и одржлив развој, со која претседава заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа тематска седница посветена на состојбите во високото образование.

Покрај министерот за образование, Јетон Шакири и останатите членови на Комисијата, на седницата присуствуваа ректори и други претставници од универзитетите во Република Северна Македонија, Владо Гичев, претседател на Одборот за евалуација во високото образование, Абдулменаф Беџети, претседател на Интеруниверзитетската конференција, Јусуф Зеќири, претседател на Националниот совет за високо образование и научно истражувачката дејност како и Агим Рушити, директор на Агенцијата за квалитет во високото образование.

Поаѓајќи од потребата за модернизација и промени во високото образование во земјава поради нискиот рејтинг на овие установи на меѓународните листи, како и воочените проблеми и нефункционалности при примената на Законот за високо образование, присутните ги споделија своите размислувања и предлози за промени од стратешки и концептуален аспект.

На тематската седница беа усвоени заклучоци за преземање итни и конкретни мерки во насока на надминување на слабостите:

– Министерството за образование и наука доби задолжение до крајот на 2023 година да изврши скрининг на сите институции и да ја информира Владата за состојбите во имплементацијата на Законот од страна на високо образовните институции.

– Министерството за образование и наука во соработка со Агенцијата за акредитација на високо образовни институции да направи извештај за тоа колку студиски програми се акредитирани и имаат  дозвола за работа  од Агенцијата за квалитет на високото образование и колку студиски програми не се функционални или имаат мал број на студенти.

– Министерството доби задолжение да ја насочи во функција на јавниот интерес Програмата за стипендирање на млад научен кадар.

– Поради увидената неекипираност на Агенцијата за акредитација на високообразовни институции во земјава, се препорачаа итни чекори за зајакнување на нејзините капацитети, согласно со стандардите пропишани со закон.

– На Интеруниверзитетската конференција и беше препорачано да формира инклузивна работна група на која ќе се разговара за сите забелешки наведени  на седницата, а кои се однесуваат на законски и подзаконски измени и во рок од еден месец да ја информира владината Комисија.

Покрај овие заклучоци, вицепремиерката Грковска информираше дека на предлог на Кабинетот за политики за добро владеење, заедно со Министерството за образование и наука, ќе се формализира Работна група за креирање посебен Фонд за наука и иновации, во насока на издвојување повеќе средства за научно-истражувачка работа.

Next Post

Имаме најнизок ДДВ во регинот и најголема листа на производи со повластена стапка од пет отсто, нагласи Ковачевски

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk