ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Приоритет е сите да се вложат во целосно спроведување на Стратегијата за борба против корупцијата

October 9, 2023 15:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на Mеѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата денеска одржаа работен состанок во пресрет на конститутивната седница. На состанокот беше споделен нацрт текстот за Деловникот за работа на ова тело и беше договорена забрзана динамика на работа во наредниот период. Меѓуресорското тело се формираше со одлука на Владата на Република Северна Македонија во јули годинава и со него претседава заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.


Истакнувајќи ја потребата од посветен пристап на сите надлежни институции за да се добијат посакуваните ефекти, вицепремиерката Грковска посочи дека во напорите да се подобри соработката на органите од оваа област, појдовна точка секогаш треба да биде Националната стратегија за борба против корупцијата. Притоа, како што нагласи таа, еден од најголемите предизвици на ова тело ќе биде забрзана и доследна имплементација на Стратегијата, имајќи го предвид досегашниот низок степен на реализација.

Во таа насока, на првата официјална седница на  Меѓуресорското тело, покрај донесување на усогласениот Деловник, ќе се разгледува и новиот Акциски план за Националната стратегија за борба против корупцијата (2021-2025), кој е подготвен од Државната комисија за спречување на корупција и во моментов е во постапка пред Собранието на Република Северна Македонија. Ова тело ќе дефинира чекори за негова целосна имплементација во наредните две години.

Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата се формираше заради јакнење на меѓуинституционалната соработка и координација на активностите за: креирање политики за унапредување на превенцијата и борбата против корупцијата, вклучително и за обезбедување техничка поддршка; спроведување на мерки и активности предвидени со национални или меѓународни стратешки или програмски документи, усогласено собирање и обработка на податоци за следење на состојбите со корупцијата и обезбедување придонеси за подготовка на извештаи и други материјали за известување на меѓународни организации и тела во врска со имплементација на препораки и стандарди од областа Антикорупција.

Во телото учествуваат претставници на Јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Управата за финансиска полиција, Царинската управа, Управата за финансиско разузнавање, Бирото за јавни набавки, Агенцијата за управување со одземен имот, Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на Република Северна Македонија во Совет на Европа – Група на држави против корупција.

Next Post

Маркетите ја почитуваат „гарантираната цена“, некои производи намалени до 40 отсто, тврди премиерот

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk