ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Општина Прилеп спремна за почеток на 19. Меѓународен карневал „Прочка 2020“

Ќе имаме гости и од Европската федерација на карневалски градови, како и околу 1.000 учесници во двата карневалски дена. Карневалот започнува во петок, 28 февруари, со изложба на рачно изработени традиционални маски, која ќе се одржи во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Таму, на учениците кои ги изработиле најдобрите и најинвентивни маски, ќе им бидат доделени награди. Детскиот карневал за учесници до 14 годишна возраст ќе се одржи во сабота, 29 февруари со почеток во 12 часот. На него учество ќе земат преку 550 учесници со 15 маски, од сите основни училишта и детските градинки од градот, како и од ОУ ‘Никола Карев’ од Крушево.

February 25, 2020 15:19
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„На три дена пред почетокот на манифестацијата, можеме да кажеме дека Општина Прилеп е спремна да ги пречека учесниците и успешно да го организира Меѓународниот карневал ‘Прочка 2020’“, потенцираше на денешната средба со новинарите градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

„Ќе имаме гости и од Европската федерација на карневалски градови, како и околу 1.000 учесници во двата карневалски дена. Карневалот започнува во петок, 28 февруари, со изложба на рачно изработени традиционални маски, која ќе се одржи во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Таму, на учениците кои ги изработиле најдобрите и најинвентивни маски, ќе им бидат доделени награди. Детскиот карневал за учесници до 14 годишна возраст ќе се одржи во сабота, 29 февруари со почеток во 12 часот. На него учество ќе земат преку 550 учесници со 15 маски, од сите основни училишта и детските градинки од градот, како и од ОУ ‘Никола Карев’ од Крушево. Во недела на 1.март е главниот карневалски ден, кога пред посетителите и жирито ќе продефилираат 20 маски со околу 500 учесници“, истакна градоначалникот Јованоски.

Дел од програмата на прилепскиот карневал, како што посочи градоначалникот Јованоски, е и забавата под маски, која ќе се одржи во недела вечер, на 1 март, во ресторанот La Casa Grande.

Кога е во прашање детскиот карневал, организаторите велат дека се задоволни од бројот на маски и учесници кои ќе бидат дел од „Прочка 2020“.

„Секоја активност која што е произлезена од училиштата има и една цел – учениците да го развиваат своето креативно и критичко мислење, да ја јакнат својата самодеверба, така што овој карневал има и порака, и поука. Сите маски се во духот на традицијата. На сите добронамерници им порачуваме да го посетат нашиот град и да живеат со карневалската ‘треска’. Во 15-те маски од детскиот карневал, ќе бидат вклучени 565 учесници“, истакна Каролина Николоска од Општина Прилеп.

Ванчо Георгиев од здружението „Прилепски мечкари“, рече дека за прв пат на прилепскиот карневал ќе присуствуваат делегации од Германија, Украина и Холандија, а натпреварувачки групи ќе пристигнат од речиси сите балкански земји.

„Прилепскиот карневал како ‘старее’, така станува се’ попознат. Тој е како виното – колку постар, толку подобар. Се надеваме дека и оваа година гостите и посетителите ќе имаат што да видат, бидејќи е од високо ниво. Почестени сме со присуството на претседателот на Европските карневалски градови, Ларс Алгел, како и со бордот кои ќе присуствуваат на овој карневал. Со тоа им оддаваат големо признание како на нашата држава, така и на градот“, напомена Георгиев.

Годинешниот 19-ти Меѓународен карневал „Прочка 2020“ завршува во понеделник, 2 март, со традиционалниот заеднички ручек во манастирот „Св.Ѓорѓија“, кој го организира здружението „Прилепски мечкари“.

Next Post

Туристичките агенции ги откажуваат патувањата за 8-ми март во Италија

НАЈНОВО

Планот на Исакман за НАСА вклучува беспилотна мисија на Марс следната година и соработка со SpaceX

November 6, 2025
Скриншот

Јапонија и САД ќе соработуваат во рударството на ретки земни метали кај островот Минамиторишима

November 6, 2025
Скриншот

Рубио и Хегсет пред Конгресот ја бранеа одлуката на Трамп за напади врз бродови со дрога

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk