ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Последната долга суша причина за најголемото опаѓање на Преспанското Езеро

Годишните промени во нивото на водата на Преспанското Езеро се директен резултат, прво на комплексната геолошка постава на регионот, а потоа и на следните фактори: дотокот на вода од реките и подземните води, количеството на врнежи, степенот на испарување од Езерото, искористената вода за наводнување и карстниот истек на водата низ планината Галичица во Охридското Езеро.

February 25, 2020 16:09
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последната долга суша е одговорна за досега најголемото опаѓање на нивото на водата на Преспанското Езеро, што е во постојан пад од 1951 годинаа. Тоа укажува дека во споредба со ефектот на климатските промени, истекот во Охридското Езеро и употребата на водата за наводнување од Преспанското Езеро, незначително придонесуваат кон намалувањето на неговото ниво. На ова укажуваат податоците за нивото на Езерото мерени од УХМР од 1951 до 2004 година.

– Сметаме дека ефектите од климатските промени за жал во иднина ќе бидат се повидливи во нашата земја особено на водните и влажните живеалишта. Затоа одговорноста треба да ја бараме во сите нас. Да размислуваме за нашите секојдневни активности и да покажеме свесност дека ниту една акција не поминува без реакција. Односно, нашето неодговорно однесување денес (од неодговорно одлагање на смет, па се до уништување на мочуриштата и другите влажни живеалишта кои сепак сè уште некако го одржуваат езерото живо), порано или подоцна ќе биде платено со висока цена. Во овој случај со многу скратена и блага пролет и сушни, долги лета, полни со непопустлива жега на која не е навикнато нашето Преспанско Езеро, вели Драган Арсовски, претставник на подрачната канцеларија на Македонското еколошко друштво (МЕД) од Ресен.

Годишните промени во нивото на водата на Преспанското Езеро се директен резултат, прво на комплексната геолошка постава на регионот, а потоа и на следните фактори: дотокот на вода од реките и подземните води, количеството на врнежи, степенот на испарување од Езерото, искористената вода за наводнување и карстниот истек на водата низ планината Галичица во Охридското Езеро.

Првите три фактори ги отсликуваат просечните климатски услови во водниот слив на Езерото, бидејќи сите речни текови и подземните води се полнат од врнежите во езерскиот басен, односно во неговиот стрмен воден слив и како такви имаат голем удел врз количеството на вода во Преспанското Езеро, се наведува во извештајот на НОА.

Историски гледано од кога се вршат мерења од страна на Управата за хидрометеоролошки работи од 1951 година нивото на водата во Преспанското Езеро е во постојан пад, со изразено опаѓање од 1987 до 1995 година.

До сега се покажало дека значителните зголемувања и намалувања на волуменот на Езерото се главно резултат на кумулативната преципитација (град, дожд или снег) за време на т.н. „влажна сезона” (од октомври до март), односно при големите суши. Од друга страна пак, езерската вода е искористувана директно за наводнување, како и преку бунари во трите држави уште од 50-тите години на минатиот век.

Двата начини имаат директен негативен ефект на нивото на Езерото и се во голема мера одговорни за неговото долгорочно намалување од 70-тите години на минатиот век до 2004 година.

Опсервираниот волумен на карстен истек низ Галичица, пак е стабилен независно од нивото на езерската вода и како таков не допринел значително кон интензивното намалување на Езерото, се вели во извештајот.

Next Post

КОРОНА: СЗО препорачува да се одложи протестот на ВМРО. Мицкоски - без гајле обезбедени се 1.3 тони лук

НАЈНОВО

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk