ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мали, но со големи амбиции: Во име на Републиката, сакаат да станат големи

October 13, 2023 15:58
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Десетици нови партии во последниот период се формираа во двата политички табора, македонскиот и албанскиот. Сите новоформирани партии тврдат дека ќе ја освојат власта, но се уште немаат структури и ограноци на целата територија на републиката.

Колку се реални нивните амбиции во споредба со нивниот структурирање и политички капацитети?

Зоран Бојаровски

Долгогодишниот новинар и познавач на политичките збиднувања во земјата – Зоран Бојаровски вели дека парламентарната демократија и политичкиот плурализам се основата за амбиент за создавање на политички партии, движења, политички филозофии кои треба да го збогатуваат тој амбиент. Од тој аспект, додава тој, не гледам ништо спорно во основањето на нови политички партии.

– Лесно е да се основаат, регулативата го овозможува тоа, но многу потешко е да ја одржите „во живот“, а уште потешко е да се заземе позначаен простор во веќе утврдениот политички плурален амбиент. Најтешко е кога таквите партии се формираат врз основа на лични амбиции предизвикани од „изневерени“ претходни учества во друга политичка партија. Ако зад некоја политичка иницијатива во форма на партија нема автентична, нова содржина којашто произлегува од очекувањата на пошироката поддршка на граѓаните од кои се очекува нивниот глас на изборите, тогаш тоа е залудна битка, изјави Бојаровски за „Фронтлајн“.

Сме виделе, потенцира Бојаровски и посведочиле повеќе такви обиди, а некои се веќе и заборавени.

– Од друга страна, за да не биде дека однапред „ги осудувам“ како такви, во услови на недовршени изборни реформи, напорите на тие партии ќе бидат залудни затоа што актуелниот изборен систем е дизајниран да ги апсорбира големите политички партии. И на крајот, но не најмалку важно, туку напротив, формирањето на политичка партија не завршува со основачко собрание и „силен“, најчесто популистички говор, туку тоа е само почеток. Доколку некоја политичка партија во основање сака да има поголемо влијание, и останува најтешката работа: Да создаде партиска инфраструктура, мрежа од членови или/и симпатизери. Тоа е најтешката работа и ако не основачоте не се спремни да облечат чевли со дебели ѓонови кои треба да се потрошат на крајот од таа мисија, подобро е да бидат подготвени на „краток живот“ на таа партија, подвлекува тој.

Бесим Небиу
Бесим Небиу

Од друга страна, политичкиот аналитичар Бесим Небиу вели дека во албанскиот политички блок има два табора – еден околу Демократската унија за интеграција и еден околу албанскиот опозициски блок.

– Во моментов, има два албански блока, првиот околу ДУИ, вториот околу трипартитната коалиција. Малите партии произлегуваат од елементи на БЕСА и Алтернатива, кои ги изгубија своите внатрепартиски ситуации. Тоа се всушност приватни партии на еден функционер или пратеник, кој чека понуди за политички ангажман од страна на власта. Значи се работи повеќе за лични амбиции отколку за политички амбиции, вели Небиу во изјава за „Фронтлајн“.

Живко Јанкуловски
Живко Јанкуловски

Живко Јанкуловски претседател на Партијата на Обединети Демократи на Македонија – ПОДЕМ за „Фронтлајн“ смета дека неоправдани се амбициите на т.н. нови лидери, со исклучок на два политички субјекти и тоа еден во македонскиот блок, и еден во албанскиот блок, каде што реално се очекува да освојат по еден до три пратеници и ништо повеќе.

– Останатите мислам дека се свесни дека немаат ни теоретски изгледи да постигнат нешто повеќе, туку главната цел им е да се најдат во некаква коалиција со поголемите партии и да лично профитират од тоа, доколку успеат. Мој впечаток е дека во овие моменти на државата не и е потребно расцепкување, туку напротив зближување и единство на сите, како сплотени да излеземе од ова голема политичко економска криза, нагласува Јанкуловски.

Урим Салиу
Урим Салиу

Политичкиот аналитичар Урим Салиу вели дека партиите на Албанците се крајно поделени, но зачудувачки повеќето од нив се мали кои не можат политички да се натпреваруваат со големите политички сили.

– Повеќето партии создадени од партијата на Али Ахмети се уште немаат организирани структури и се неподготвени за избори. Прашање е дали излегоа да се одмаздат на партијата во која беа членови и функционери со години или да продолжат да остануваат на политичката сцена во контрадикторност со самите себе. Малите партии без влијание во суштина немаат единство затоа што колку и да се обединуваат, сепак се подеднакво поделени меѓу себе, изјави Салиу за „Фронтлајн“.

Според него, се знае каде до сега завршувале фракциите.

„Повеќето мали партии победата ја гледаат во другите затоа што ја знаат својата вистинска сила„ – смета тој.

Зуди Џелили

Поранешниот пратеник Зуди Џелили за „Фронтлајн“ изјави дека од постојните партии само ДУИ и Алијанса за Албанците имаат широка поставеност, на целата територија на која живеат Албанци.

– Опозицискиот блок (моментален) има делумна теренска поставеност. Повторно ќе има две сериозни понуди, од двете најголеми партии поради поставеноста со структури на терен. Многу политичари покажаа амбиција со формирање на свои партии, но не успеаја, на пример Исни Шаќири, Имер Селмани, Бардил Мамути, Алајдин Демири, Руфи Османи, Гзим Острени, Илјаз Халими итн., подвлече Џелили.

Поддржувачите на ликот на Никола Груевски, за кој се зборува дека ќе се приклучат околу најавената партија „Правда“ на градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска, Максим Димитриевски и Изет Меџити ќе „истрчаат“ против поранешните сопартијци, со реторика дека ќе ја освојат власта. Во меѓувреме, во политичкиот табор на Албанците се формираа уште неколку партии од бивши функционери на постојните партии.

Согласно постојниот изборен систем на парламентарните избори се избираат 123 пратеници. Од нив, 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, а тројца пратеници (од редовите на дијаспората) се избираат според мнозинскиот модел во еден изборен круг и тоа по еден пратеник од три изборни единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АналитичариПартииСеверна Мкедонија

НАЈНОВО

AI Generated Image

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Генерирано со ВИ

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Трамп и Мерц Фото:EWTN скриншот

(ВИДЕО) Мерц–Трамп: Средба што може да го промени текот на трансатлантската политика

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk