Губење на вода во дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, информираат од АД ЕСМ.
-Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензивно работат на лоцирање на дефектот, со цел да биде изолиран и саниран. Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок, соопшти ЕСМ.
За дополнителни информации, прецизираат од ЕСМ, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.