ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Месиќ за КосоваПрес: Српската агресија во северно Косово беше со цел да се предизвика војна

October 16, 2023 09:44
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ изјави дека „српската агресија“ во Бањска и Звечане во северно Косово била однапред подготвена и дел од неа биле и некои српски институции кои ја опремиле, како што ја нарекува, „терористичката група“, која извршила напад со цел да провоцира и да предизвика војна.

Во вчерашното интервју за новинската агенција КосоваПрес, Месиќ вели дека кога еден ден тоа што се случи на 24 септември во Бањска добро ќе се анализира, „ќе се види дека тоа не е само еден ексцес“, туку „сéто било подготвено за една голема провокација“.

– Тоа било однапред испланирано и во тоа учествувале и повеќе институции кои можеле да доведат вооружени луѓе, опремени со средства за војна – тоа се бомби, тоа се тешки митралези, оклопни возила… Значи сéто било подготвено за една голема провокација, за да се возбудат луѓето од околината и да реагираат, а потоа Србија тука би се појавила како „оној кој сака да ги реши работите“. А, всушност, тоа е српска политика која сака да интегрира дел од Косово во својот простор, вели Месиќ.

Како што пренесува МИА, Месиќ порача дека „Косово е држава“ и дека сите треба да го признаат тој факт.

– Мислам дека целиот свет треба да сфати дека Косово е факт, Косово е држава и сите држави кон Косово треба да ги имаат истите права и истиот однос. Значи треба да се признае еден факт. Тоа што во Србија не го признаваат Косово, тоа е проблем што си го постави себеси самото српско раководство, вели Месиќ.

Според него, Србија не мора да го признае Косово, но мора да дозволи слободна комуникација со светот.

– Целиот свет ќе го признае Косово, но Србија нема потреба да го признае. Меѓутоа, Србија мора да дозволи движење на луѓето, на капиталот, на идеите… Значи мора да ја дозволи комуникацијата со светот, изјави Месиќ.

И по нападот на српската група во Бањска, каде што беше убиен косовски полицаец и тројца од групата напаѓачи, Месиќ вели дека Косово треба да го продолжи дијалогот.

– Секако (треба да продолжи дијалогот). Косово секогаш покажувало интерес сé да се реши по мирен, дипломатски пат, и во таа смисла јас мислам дека Косово и натаму ќе ги има истите ставови, изјави Месиќ.

Тој вели дека „Владата на Косово, тие кои што ја водат земјата, водат една европска политика и во таа смисла, и во Србија треба да ги сфатат фактите и според тие факти да се однесуваат“.

Месиќ ја критикува Европската Унија за пристапот и ставовите во однос на Косово, оценувајќи дека Брисел „не води доволно европска политика“.

– Сметам дека Европската унија не води доволно европска политика. Таа повеќе внимава што ќе рече Америка, а не што е интерес на Европа и во таа смисла мислам дека раководството на ЕУ греши, затоа што Европа треба да води европска политика, вели Месиќ.

Човекот кој како претседател ја водеше Хрватска една деценија, позитивно ги оцени дејствијата на косовските институции по нападот на 24 септември, бидејќи смета дека создадената ситуација можеше да предизвика уште повеќе жртви.

– Во таа – може да се рече – тешка ситуација, тешка провокација, и владата и претседателката (на државата) ги презедоа сите мерки кои се потребни. Косовските институции во своето дејствување постапија според европски стандарди и јас им честитам што не дозволија овој предизвик да заврши со поголеми жртви, рече Месиќ.

Тој ја критикува Србија поради тоа што ги слави, како што вели, „терористите кои го нападнаа Косово“.

– Србија презеде доста мерки поради кои светот може да им забележи. Имено, тие ги слават терористите кои ги нападнаа институциите на Косово, кои го нападнаа Косово. Значи, тие (напаѓачите) загинаа во еден терористички напад, а Србија нив ги слави како жртви на албанската политика. Значи, тие (Србија) презедоа сé за да направат онака како што не треба, заклучи Месиќ во интервјуто за приштинската агенција КосоваПрес.

Tags: војнаМесисеверно КосовоСрпската агресија
Next Post

Се очекува отворање на граничниот премин од Египет кон Газа

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk