ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски на средба со претставници од македонското национално малцинство (МНМ) во Тирана: Продолжуваме со континуирана поддршка и заштита нa македонските граѓани во Албанија

October 17, 2023 15:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Тирана, Албанија оствари средба со претставници на Македонското национално малцинство во Албанија и  разговараа за Македонците во Мала Преспа, Тирана, Голо Брдо и Гора. На средбата покрај премиерот Ковачевски, присуствуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, како и Данчо Марковски, амбасадор на Република Северна Македонија во Република Албанија.

Премиерот Ковачевски на состанокот разговараше со Васил Стерјовски, претседател на Македонската Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) во Албанија, Кимет Фетаху, активист и претседател на друштвото МИР, Едри Фетаху, потпретседател на МАЕИ, Маријана Фелах, претставник на македонското малцинство во Албанија при Комитетот за национални малцинства во Владата на Република Албанија, Бесник Хасани, претседател на друштво МОСТ од Голо Брдо како и претставници на бизнис секторот од Северна Македонија кои работат во Албанија.

На средбата беше поздравена севкупната поддршка која што Владата на Република Северна Македонија ја дава во сите области за нашите Македонци кои живеат во Албанија.

Соговорниците ја поздравија одлуката на Универзитетот во Тирана да се изучува македонскиот јазик, за што од Северна Македонија ќе биде испратен лектор на Катедрата за изучување јазици од регионот, а истиот се очекува наскоро да се реализира и на Универзитетот во Корча.

Изминатиот период беа реализирани  проекти од Акцискиот план за поддршка на нашите Македонци од Голо Брдо и Пустец, со цел подобрување на условите за живеење на нашите иселеници кои живеат во овој дел од Албанија.

Во разговорот беше поздравена и заложбата за наскоро целосно решавање на деценискиот проблем за пуштање во употреба на граничниот премин Требиште- Џепиште кој што ќе биде од исклучителна важност за македонското население во регионот од Голо Брдо.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека Владата спроведува повеќе активности во однос на зголемување на бројот на стипендии за студирање на високо образовните институции во нашата држава, преку кои 39 баратели од Мала Преспа и Голо Брдо добија владини стипендии за студирање на државните факултети за учебната 2023/2024 година.

Покрај ова на средбата се разговараше и за финансирање проекти за дијаспората, вклучително и за нашите иселеници кои живеат во Албанија. Соговорниците од бизнис заедницата, се говореше за интензивирањето на трговската размена која во 2022 година е 307 милиони евра, за разлика од 2016 кога била околу 165 милиони евра. Беше разгледана можноста да се формира бизнис клуб во Тирана, каде ќе членуваат македонски и албански компании, бидејќи постои позитивен тренд на раст на компаниите.

На средбата беше истакната важноста за искористување на фондовите за развој и зајакнување на Буџетите на Здруженијата се со цел да се реализираат проекти за поддршка на македонското малцинство.

Претставниците на здруженијата на иселеници ја поздравија соработката на Владата на Северна Македонија со надлежните институции на Албанија за сите прашања од интерес на нашите иселеници, во делот на пописот, на организацијата во локалната самоуправа и во други области од секојдневното живеење.

На средбата беше потенцирано дека Владата и во иднина ќе продолжи континуирано да помага за подобрување на условите на живеење на нашите иселеници, во подобрување на условите за образование, како и финансиска помош за комунално уредување на општините каде живее македонско население.

На последниот попис одржан во Албанија во 2011 година, попишани се 5.512 Македонци.

Tags: Димитар КовачевскиТирана
Next Post

Руската пропаганда со лажно видео за непостоечкото истражување на Bellingcat дезинформира дека Украина префрла НАТО оружје на Хамас

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk