ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден и Нетанјаху разговараа за напорите за ослободување на Американците од Газа

October 26, 2023 09:32
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараа за напорите за лоцирање и обезбедување ослободување на Американците за кои се верува дека се држени како заложници во Газа, соопшти Белата куќа.

Исто така, Бајден му ја нагласил на израелскиот премиер „важноста да се фокусира на она што доаѓа по кризата, со цел да се создаде пат за траен мир меѓу Израелците и Палестинците“.

Бајден го изјави ова претходно на заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Ентони Албанез, велејќи дека американската поддршка за одбраната на Израел е „челично цврста“, но дека двете страни треба да размислат за патот напред во регионот откако ќе се реши кризата во Газа.

„Израелците и Палестинците подеднакво заслужуваат да живеат рамо до рамо во безбедност, достоинство и мир“, рече Бајден.

Тој на прес-конференцијата оцени и дека една од причините поради која милитантите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел е да се спречи нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија.

Меѓу другото, американскиот претседател рече дека „нема доверба“ во бројката од над 6.500 загинати од израелските напади на Појасот Газа, меѓу кои и 2.700 деца, што ја прикажува тамошното Министерство за здравство.

„Немам поим дали Палестинците ја кажуваат вистината за тоа колку луѓе се убиени. Сигурен сум дека се убиени и невини, тоа е цената на водењето војна“, рече Бајден.

Tags: АмериканциБајденГазаНетанјахуослободување
Next Post

Руската пропаганда со лажна вест: „Платеник“ од Полска се бара за убиство во Украина

Најново

Трендафилов: Половина од работниците земаат плата под 600 евра, ќе протестираат или ќе одат на викенд за 1 Мај?

April 29, 2026

„Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

April 29, 2026

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

April 29, 2026

Како ќе изгледа македонската „Пиета во прекривките на ургентноста“ која патува на 61. Венециско биенале

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk