Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс се повлече од претседателските избори во САД во 2024 година, за време на Конференцијата на републиканската еврејска коалиција во Лас Вегас, Невада.
Дојдов овде за да бидам со толку многу пријатели и да ја изразам мојата непоколеблива поддршка за Израел, но дозволете ми да завршам со лична нота. Минатата година, во јуни, ја објавив мојата намера да барам републиканска номинација за претседател на САД бидејќи верувам дека оваа земја е во многу неволји. Воспитан сум да верувам дека на кого ќе му се даде многу, ќе му се бара многу. И со сето она со кое се соочува нашата земја, едноставно не можев да стојам настрана.
Тој додаде дека одлуката да ја прекине неговата кампања за претседател ја донел по многу молитви и размислувања.
Ја напуштам оваа кампања, но ви ветувам, никогаш нема да ја напуштам борбата за конзервативни вредности и никогаш нема да престанам да се борам за избор на главни републикански лидери на секоја функција во земјата, заклучи Пенс.
Марта Пешевска
Извор: ЦИВИЛ Медиа