ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија соочена со низок морал ги егзекутира сопствени војници кои се повлекуваат од крвавото боиште кај Авдиивка

October 30, 2023 13:04
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Русија егзекутира војници кои се обидуваат да се повлечат од крвавата офанзива во источна Украина, соопшти Белата куќа. Според САД, некои од жртвите што ги претрпе Русија во близина на Авдивка биле „по наредба на нивните лидери“.

Според проценките на Вашингтон, Русија трпи значителни загуби и и се соочува со низок морал поради нејзините (неуспешни) напади врз Авдиивка, истакна портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби.

„Имаме информации дека руската војска всушност егзекутирала војници кои одбиваат да ги следат наредбите“, рече Кирби за време на брифингот со новинарите, пренесува Кијив индипендент од агенцијата Франс прес. Имаме и информации дека руските команданти се закануваат со егзекуција на цели единици доколку настојуваат да се повлечат од украинскиот артилериски оган“.

Кирби не даде дополнителни детали за наводните егзекуции или за тоа како Вашингтон ги добил информациите.

Портпаролот на украинската армија изјави дека руските трупи одбиваат да ги нападнат украинските позиции во близина на Авдиевка поради големи загуби и дека имало бунт во некои единици, пренесува Би – Би – Си.

„Мобилизираните сили на Русија остануваат недоволно обучени, недоволно опремени и неподготвени за борба, како што беше случајот за време на нивната неуспешна зимска офанзива минатата година“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби на брифингот во четвртокот.

Тој рече дека руската војска „изгледа дека користи она што ние би го нарекле „човечки бран“ тактика, само фрлајќи маси од овие слабо обучени војници право во борбата.

„Нема соодветна опрема, нема раководство, нема ресурси, нема поддршка. Не е изненадувачки што руските сили страдаат од слаб морал“, додаде Кирби.

„За осуда е да се мисли дека ќе ги погубите сопствените војници бидејќи тие не сакаа да ги следат наредбите“, рече портпаролот за време на брифингот во Белата куќа во четвртокот.

Тој, исто така, ги осуди заканите за егзекуција на единиците што се повлекуваат како „варварски“.

„Мислам дека тоа е симптом за тоа колку лошо руските воени лидери знаат дека прават и колку лошо се справиле со ова од воена перспектива“, додаде Кирби.

Белата куќа не даде никакви детали, како на пример колку руски војници биле егзекутирани по наредба на нивните команданти поради неуспехот да ги следат наредбите или какви било конкретни примери на единици на кои им се заканува погубување затоа што сакале да се повлечат, пренесува Њу Јорк Пост.

Но, најновите информации ги повторуваат претходните извештаи, вклучително и британското Министерство за одбрана, дека редовната руска војска распоредила „трупи за бариери“ за да ги гаѓаат сите идни дезертери.

Руските и украинските трупи се заглавени во жестока битка за градот на првата линија од средината на октомври. Се смета дека Русија претрпе „значителни“ загуби во ова време.

Украинските проценки велат дека бројот на руските жртви во Авдиевка е 5.000, додека САД велат дека Русија изгубила „најмалку“ 125 оклопни возила и опрема вредна повеќе од еден баталјон.

Русија веќе неколку недели ги интензивира нападите врз Авдиивка, град на фронтот неколку километри северно од окупираниот Донецк. Според украинскиизвори, Москва, наводно, внела големи сили во обид да го опколи градот, претрпувајќи големи загуби во работна сила и опрема во процесот.

Ова го потврди и Кирби, кој рече дека од 11 октомври Русија изгубила „најмалку 125 единици оклопни возила околу Авдиивка и повеќе од воена опрема вредна за еден баталјон“.

Украинските сили во секторот „можат да се одржат и ја држат својата одбрана“, додаде тој.

Кремљ најверојатно ќе ја продолжи својата офанзива во наредните месеци и „можеби ќе постигне некои тактички успеси“, смета американскиот претставник. Тоа, сепак, ќе биде по цена на илјадници руски војници фрлени во битка без соодветна обука и со слаб морал, нагласи Кирби.

Министерството за одбрана на ОК на социјалната мрежа Икс, повикувајќи се на разузнавачки податоци објави дека руските трупи, од кои Кремљ бара да заземат поголема територија, не можат да извршат ефективни офанзивни акции околу Авдиивка.

Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 28 October 2023.

Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/hYWKv7sZQC

🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/4eNIA2Vtmi

— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) October 28, 2023

Според британските аналитичари, тешките борби продолжија во текот на минатата недела околу градот Авдиивка во регионот на Донецк, каде Русија започна големи офанзивни напори во средината на октомври 2023 година, но без резултат.

Во исто време, руските пропагандисти остро ја критикуваа тактиката на војската во операцијата. Природата на операцијата сугерира дека суштинскиот воено-политички предизвик на Русија останува ист како што беше во текот на поголемиот дел од војната, се вели во извештајот.

„Политичките лидери бараат да се заземе повеќе територија, но војската не може да генерира ефективни офанзивни дејства на оперативно ниво“, велат од Министерството за одбрана на ОК.

Според извештајот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, украинските војници во изминатиот ден одбиле 15 непријателски напади во насока Авдиевка, а руските војници претрпеле значителни загуби.

Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Авдиивканизок моралруска агресија врз Украинаруски загуби

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk