ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Прва Ренална експертска академија со врвни експери за нефрологија и бубрежна нега од Северна Македонија и од Шведска

Учесниците - лекари по нефрологија и медицински сестри за бубрежна нега, како и претставници од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување - ќе истражуваат одржливи модели на третман и превентивна нега, ќе разговараат за упатствата и моделите за надомест за одржлива здравствена заштита, ќе ги споделат најдобрите практики од Северна Македонија и Шведска кои во фокусот го имаат пациентот и ќе разменуваат идеи за иднината на една одржлива бубрежна нега, се наведува во соопштението.

November 1, 2023 09:04
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје денеска ќе се одржи првата Ренална експертска академија. Академијата е долгорочен заеднички напор на Северна Македонија и Шведска за размена на искуства помеѓу експерти од нашите земји, чии кодомаќии се Министерството за здравство на Северна Македонија и Амбасадата на Шведска.

Како што соопшти прес-службата на шведската Амбасада, на Академијата ќе учествуваат врвни експерти за нефрологија и бубрежна нега и од Северна Македонија и од Шведска, со цел да разговараат за здравствните предизвици на хроничната бубрежна болест која ги засега милиони пациенти и здравствените системи ширум Европа.

Првата од ваков вид Ренална експертска академија ќе биде отворена со поздравни обраќања од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити, амбасадорката на Шведска  Ами Ларсон Џаин и Ане Јохансен, претставник на Светската здравствена организација во земјата.

Учесниците – лекари по нефрологија и медицински сестри за бубрежна нега, како и претставници од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување – ќе истражуваат одржливи модели на третман и превентивна нега, ќе разговараат за упатствата и моделите за надомест за одржлива здравствена заштита, ќе ги споделат најдобрите практики од Северна Македонија и Шведска кои во фокусот го имаат пациентот и ќе разменуваат идеи за иднината на една одржлива бубрежна нега, се наведува во соопштението.

Меѓу експертите кои ќе се обратат на панелот се: д-р Хакан Хедман, претседател на Шведската бубрежна асоцијација, член на одборот на Европската федерација за бубрежни пациенти (EKPF), член на управувачката група на Универзитетскиот центар во Гетеборг за грижа, која во фокус го има пациентот, почесен доктор по медицина на Универзитетот во Гетеборг.

Учесници се и д-р Андерс Фернстром, претседател на шведското здружение за нефрологија, вонреден професор, доктор, раководител на Одделот за нефрологија во Универзитетската болница во Линшопинг; д-р Питер Стенвинкел, професор, раководител на Одделот за ренална медицина, Оддел за клиничка, наука, интервенција и технологија – Универзитетска болница Каролинска; д-р Гоце Спасовски,  претседател на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи  и д-р Фернандо Макарио, главен медицински директор во Дијаверум.

Tags: бубрежна негаРенална експертска академијаСеверна МакедонијаШведска
Next Post

Парното од денеска поскапо за 4,51 отсто, корекции на цената ќе нема до крајот на грејната сезона

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk