ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Столтенберг: Војната во Газа не смее да ослабне нашата волја и способност да ја поддржиме Украина

November 1, 2023 18:54
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар Јенс Столтенберг денеска во своето обраќање на 75-тата седница на Нордискиот совет во Осло, рече дека длабоката соработка меѓу нордиските земји по долгогодишно непријателство покажува дека „мирот е секогаш можен“. Тој подвлече дека градењето пријателство и доверба меѓу носителите на одлуки е особено важно „во време кога поларизацијата, фрагментацијата и сомнежот ја загрозуваат довербата во демократијата и отворените општества што сакаме да ги изградиме“. Тој посочи дека наскоро целиот нордиски регион ќе биде во НАТО, пренесува НАТО.

 

Генералниот секретар на НАТО ги осуди терористичките напади на Хамас врз Израел и ја нагласи важноста на одговорот на Израел во рамките на меѓународното право. Тој истакна дека војната не смее да ескалира во голем регионален конфликт. „Не смееме да престанеме да работиме на изнаоѓање на трајно, политичко мировно решение“, рече тој, потенцирајќи дека војната во Газа „не смее да ја ослабне нашата волја и способност да ја поддржиме Украина“.

Предупредувајќи дека нема знаци дека Русија планира мир,  Столтенберг истакна дека сојузниците мора да продолжат да и даваат помош на Украина.

„Ако Украина престане да се брани, тие ќе бидат окупирани, а окупацијата не е мир“. Нарекувајќи ја руската инвазија „стратешки пораз“ кој ја направи Москва уште поизолирана, тој подвлече дека „инвестирањето во безбедноста на Украина значи инвестиција во нашата безбедност“, бидејќи победата на Путин ќе им покаже на авторитарните лидери дека воената сила е исплатлива.

Столтенберг своето обраќање го заокружи со заклучокот дека НАТО не само што се зајакнува туку и станува поголемо. По пристапувањето на Финска во април, Шведска исто така наскоро ќе се приклучи на Алијансата. Ова „ја зајакнува нашата способност да го браниме нордискиот регион; ја зајакнува нашата способност да бидеме присутни во северните региони; и ја зајакнува нашата способност да им помогнеме на нашите балтички соседи“, рече тој.

Подготви: Марта Пешевска

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Руската војска денеска фрлила две бомби врз градинка во Херсон

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk