ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ханс Клуге од СЗО: Без паника за коронавирусот, да се следат препораките за заштита

Mоментно на светско ниво има 81.104 случаи со коронавирус, во 46 држави, од кои 20 земји се во рамки на Европскиот регион  на СЗО во кој вкупно има 53 земји.

February 27, 2020 13:26
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нема потреба од паника од тревога и паника за коронавирусот, граѓаните треба да ги почитуваат сите нормални мерки за заштита од болести, а државните власти да  бидат во состојба на приправност, порача денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге, при учеството на вториот Национален форум за здравје во Скопје.

Mоментно на светско ниво има 81.104 случаи со коронавирус, во 46 држави, од кои 20 земји се во рамки на Европскиот регион  на СЗО во кој вкупно има 53 земји.

– И во последниве 24 часа има уште седум дополнителни земји каде што се јавија случаи, значи на тие 20 уште седум. Но, да не зборавиме дека од вкупниот број случаи 97 проценти се во Кина. Ова е важно да се каже затоа што треба да се има предвид она што се нарекува пропорционална реакција, наведе Клуге.

Според него, нашите македонските здравствени власти и Владата ги спроведуваат препораките  од СЗО. Дури и пред да се јави вчерашниот прв случај со корона, како што укажа, беше формиран мултисекторски комитет за итни ситуации под директно раководство на премиерот. Заедно со помош на СЗО беше направена проценка на капацитетите, не само на човечките ресурси, туку и на инфраструктура. Секој ден се комуницира со граѓаните и тоа двапати дневно, постојат установи кои се на располагање и се спремни за евентуално да ги примат пациентите. Исто така во делот на превентивата вклучени се и 10-те регионални центри за јавно здравје.

– Се што треба се прави и се работи, но бидејќи станува збор за непредвидлива ситуација не можеме да знаеме што ќе се случи, тоа важи како за Северна Македонија, така и за Италија и за други земји,  изјави Клуге.

Тој вчера дошол во Скопје од Рим каде што имал состанок со италијанскиот министер за здравство, со европскиот комесар за безбедност на храна и здравство и со директорот на Европскиот центар за контрола на болести. Минатиов викенд  испратил експерти од СЗО и од Европскиот центар за контрола на болести да отидат во Италија и да видат што точно се случува на терен и да помогнат колку што можат.

-Она што го знаеме е дека во регионот на Венето во Италија имаме два случаја кои не се епидемиолошки поврзани, односно тие немале контакт ниту со пациент, ниту со некој кој патувал во Кина и тоа е сега предмет на нашата работа, односно нашите истражувања се токму во таа насока. И не може да се исклучи можноста дека можат да се појават кластери на локализирана појава на зголемен број на случаи, како што имаме денес во Италија, утре може да биде во друга земја и слично, рече Клуге.

Исто така, дополни, ова е поврзано и со капацитетот за тестирање на мострите. Ниту една друга земја нема направено толку многу тестови како Италија, каде заклучно со вчерашниот ден се направени над 10 илјади тестови.

– Многу внимателно и будно ја следиме состојбата. Денес се уште сме во фаза која се нарекува –  ситуацијата е задржана под контрола, нагласи Клуге.

Тој порача дека нема потреба за тревога и за паника. Факт е, вели, дека се работи за нов вирус, но и да не се заборави дека во различни делови на европскиот дел на СЗО секоја година од сезонски грип умираат помеѓу 60 илјади и 65 илјади лица.

Граѓаните ги советува да ги почитуваат  сите  нормални мерки за заштита од болести, да одржуваат хигиена на рацете, кашлање и кивање да прават во лактот или марамче и да ги фрлаат во затворена канта, да се дистанцираат на  2-3 метри растојание од некој кој кашла или кива… Укажува и да се информираат од веродостојни извори, како што е од Министерството за здравство или СЗО затоа што, потенцираше, се соочуваме не само со епидемија туку со нов термин инфодемија и феноменот на лажните вести. Ја истакна и потребата за заштита на здравственитре работници.

Пораката до владите, укажа, е да останат во состојба на приправност на што е можно повисоко ниво. Прво, да можат да бидат способни да откриваат случаи. Второ, да постапуваат со пациентите со емпатија и дигнитет бидејќи знаеме дека многу негативни ефекти доаѓаат од т.н. социјална дискриминација. Трето, превенција и контрола на инфекциите, односно спречување на заразите внатре во самите здравствени установи. Четврто, битно е владите да комуницираат со своите граѓани на јазик којшто граѓаните го разбираат, со таков вокабулар, со таква терминологија, рече Клуге.

Next Post

Форум: Моделот на здравствената заштита за мајките и новороденчињата, пример за Балканот

Shortcut

Најново

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk